Алкохолниот хепатитис е токсично воспалително заболување на црниот дроб што може да се манифестира во акутна и хронична клиничка форма.
КЛИНИЧКА СЛИКА
Акутниот алкохолен хепатитис може да се протекува со диспептични симптоми, мачнина, повраќање на празен стомак наутро, чувство на болка под десниот ребрен лак, појава на субиктерус.
При палпацијата присутен е зголемен и болен црн дроб, карактеристичен наод за алкохолен хепатитис. Акутниот алкохолен хепатитис може да помине драматичен тек, со тешка клиничка слика, повраќање, дијареја, дехидратација, болки во стомакот, температура, асцит (течност во стомашната шуплина), крварење и енцефалопатија.
Симптоми и знаци на хроничен алкохолен хепатитис се: анорексија, замор, периодична температура, болка под десниот ребрен лак, поретко, повраќање и дијареја. Палпацијата покажува зголемен црн дроб, болен и со нешто поцврста конзистентност.
ДИЈАГНОЗА
Се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, објективен преглед, лабораториски анализи, ултразвук, биопсија и хистолошки преглед.
ЛЕКУВАЊЕ
Прв услов за лекување е апсолутна забрана за алкохол и трајна апстиненција. Исхраната треба да биде индивидуално прилагодена, со доволно протеини. Во хепатопротективната терапија се користат есенцијални фосфолипиди, силимарин, витамини од групата Б и антиоксиданти. Во тешки форми на акутен алкохолен хепатитис, се пропишуваат инфузии на глукоза, раствор на електролити, аминокиселини, замрзната плазма, криопреципитат.