АНДРОПАУЗА

ШТО Е ТЕСТОСТЕРОН?

Тестостеронот е најважниот машки полов хормон. Одговорен е за развој на момчињата во мажи за време на пубертетот и е нужен во текот на целиот живот за одржување на здравјето и квалитетот на живот на мажите. Тестостеронот се произведува во тестисите, од каде и доаѓа во крвта. Од крвта, оди во целниот органи.

НА ШТО ДЕЛУВА ТЕСТОСТЕРОНОТ?

Иако тестостеронот е полов хормон и влијае на сексуалноста, тоа не е неговата единствена функција. Има и многу други функции, кои се важни за оджување на здравјето и добросостојбата.

Глас – тестостеронот е одговорен за промена на гласот и длабочината на гласот кај мажите.

Кожа и влакна – тестостеронот е одговорен за типичниот распоред на влакната кај мажите, распоредени по целото тело, како и за нивно одржување, како и за раст на брадата, секако.

Коски – тестостеронот е многу важен за изградба и одржување на здравјето на коскените структури.

Крв – тестостеронот помага при производство на црвените крвни клетки, а потоа и при пренос на кислород со крвта.

Мускули – тестостеронот е важен за формирање и одржување на силни мускули

Ум – тестостеронот е важен за одржување на душевната рамнотежа и спречување на негативно расположение. Тој е одговорен и за способноста за помнење, ориентација, координација и концентрација.

Сексуалност – тестостеронот го регулира сексуалниот нагон и е важен за голем број сексуални функции.

Телесна градба – тестостеронот е одговорен за телесната градба кај мажите.

Тестостеронот е нужен за телесно, душевно и сексуално функционирање на мажот.  Тестостеронот всушност мажот го прави маж.

ШТО Е НЕДОСТАТОК НА ТЕСТОСТЕРОН?

Дефицит или недостаток на тестостерон се јавува кога тестисите создаваат премалку тестостерон. Причините за тоа може да бидат различни. Послабата функција на тестисите може да биде наследна, но и предизвикана од отровни материи, тумори и хируршки зафати или се јавува со напредување на возраста.

  • ПОСЛЕДИЦИ

Општи симптоми на недостаток на тестостерон е послаб сексуален нагон (либидо), еректилна дисфункција, атрофија на мускулите, пораст на содржината на телесни масти, чувство на депресија и нерасположение, анемија и атрофија на коските (остеопороза). Нарушено е и производството на сперматозоиди. Доколку недостатокот на тестостерон почне пред пубертетот, се забавува половото созревање или воппшто не е присутно, детето расте високо и гласот исто така му останува висок.

Доколку неддостатокот на тестостерон се развие по пубертетот, а причините може да бидат наследни или стекнати, може да се јават овие симптоми: нарушување на сонот, хроничен замор, раздразливост, напнатост, чувство на слабост, намалено либидо и мажевност, како и бранови на топлина и потење. Ослабени се и силата на мускулите, силата на стисокот, растот на брадата и општата способност за функционирање. Кожата станува сува и груба.

Телесната тежина кај овие мажи често се зголемува, мускулната маса се намалува, а уделот на телесни масти се зголемува. Особено доаѓа до зголемување на количината на масно ткиво околу половината и колковите. Таквите мажи се жалат на депресија и безволие, неспособност за концентрација и неспособност да запомнат било што.


ШТО Е ХИПОГОНАДИЗАМ?

Хипогонадизам (примарен и секундарен) е клиничка состојба што се карактиеризира со ниско ниво на тестостерон во серумот.

Како ниското ниво на тестостерон влијае на организмот?

Нискиот тестостерон во организмот може да биде поврзан со многу симптоми:

  • Намалена концентрација
  • Депресија
  • Губење на сексуалниот нагон
  • Еректилна дисфункција
  • Инсулинска резистенција
  • Намалена мускулна маса и сила
  • Зголемена ниво на телесни масти
  • Намалена плодност
  • Намалена големина на гениталиите
  • Остеопороза
  • Намалена влакнетост по телото
  • Бранови со тресење
  • Нарушување на липидниот метаболизам
  • Неразвивање на секундарни полови карактерстики во пубертетот
  • Анемија

ШТО СЕ СМЕТА ЗА НИСКО НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН?

За пациентите со тестостерон во серумот, понизок од 12nmol/l се смета дека имаат низок тестостерон.

Што предизвикува хипогонадизам?

Причини за примарен хипогонадизам се:

  • Вродени: нарушување на хромозомите, ензимски пореметувања
  • Физичка повреда на тестисите
  • Компликација од некоја друга болест: дијабетес, затајување на бубрезите, болести на црниот дроб

Причини за секундарен хипогонадизам се:

  • вродени нарушувања
  • дисфункција на хипофизата
  • компликација на друга болест: СИДА