АСТМА – Што е тоа?

СИМПТОМИ

  • Отежнато дишење
  • Кашлица
  • Чувство на недостаток на воздух
  • Притисок во градниот кош
  • Сува кашлица
  • Дишење што се слуша
  • Недостаток на воздух

ОПИС НА БОЛЕСТА

Астмата е болест која се карактеризира со напади на кашлица, како и отежнато дишење кое се слуша (“свирење, пискање“), кои спонтано поминуваат или по примена на соодветни лекови. Помеѓу нападите, болниот обично е комплетно добро. Во основа на астмата е хронична воспалителна реакција во дишните патишта која има променлив тек и интензитет. Во фазите на активно воспаление доаѓа до стискање на мускулите на дишните патишта и засилено создавање на слуз во дишните патишта, што го отежнува протокот на воздух и ги предизвикува наведените симптоми. Болеста е најчесто со алергиска природа, така што нападите ги предизвикуваат различни алергени. Поради значајната пречувствителност на дишните патишта кај асматичниот пацинет, нападите може да ги предизвикаат и неалергиски фактори како што се физички напор, вдишување студен и сув воздух, вирусни инфекции, силни емоции и загаден воздух (чад од цигари. Денес астамата, во зависност од зачестеноста на симптомите и нивната тежина, се дели на четири степена. Оваа класификација е создадена од GINA (Global Initiative for Asthma), а служи за да се олесни правилниот озбор на терапија.

Според овие насоки, астмата се дели на:

  • СТЕПЕН 1 – Повремена астма
  • СТЕПЕН 2 – Блага трајна астма
  • СТЕПЕН 3 – Умерена трајна астма
  • СТЕПЕН 4 –  Тешка трајна астма

НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ

Најчести симптоми на астма се напади на суво кашлање (понекогаш само суво потклашување), чувство на немање воздух со или без феномен на дишење кое се слуша како пискање или свирење, притисок во градниот кош со чувство на надуеност на белите дробови, како и ноќно или раноутринско будење (обично пред зори), поради чувство на недостаток на воздух или суво кашлање.

ПРЕВЕНЦИЈА

Избегнувањето на тригери на астмата претходи на сите форми на медикаментозно лекување. Тоа понекогаш е тешка и макотрпна задача, но често без тоа не може да се постигне целосен тераписки успех. Се смета дека недоволното елиминирање на алергените од околината е еден од најчестите причинители за терапискиот неуспех. За избегнување на сезонските алергени (полен), единствената корисна мерка е избегнување на престој, особено физичка активност на отворен простор во време на голема концентрација на полен во водухот. Особено треба да се избегнува трчање и спорт во утринските часови во подрачја на бујна вегетација. Карактеристично е дека поленот од украсните цвеќиња и билки кои ги опрашуваат бубачките, ретко предизвикува тегоби, веројатно поради малата концентрација. Растенијата кои се опрашуваат со ветар (стебла, трева и коров) создаваат огромни количини на полен. Кај лицата чувствителни на целогодишни алергени, важно е со соодветни хигиенски мерки и прилагодувања на околината, да се намали концентрацијата на грини во домот, особено во спалната соба на болниот. Тоа се постигнува со редовно чистење и прилагодувања кои вклучуваат помалку теписи, завеси и тапацирани површини, како и можна употреба на посебни навлаки за кревети, хемиски средства за елиминирање на грини и слично. Во домот кај асматичното лице не се препорачува да се чуваат домашни миленици, особено мачка или куче.

ЛЕКУВАЊЕ

Денес, според GINA насоките како најсилни антивоспалителни лекови се наведуваат инхалациски кортикостероиди. Противвоспалителните лекови за одржување на контрола на болеста го намалуваат отекувањето на дишните патишта во белите дробови, со што се спречува влошување на симптоми и понатамошно напредување на болеста во превенирање на акутните напади на астма.