Дланката или шаката е сложен механички состав што го чинат различни коски, мускули и лигаменти кои овозможуваат изведба на прецизни движења. Понекогаш, може да се јават болки во зглобовите на прстите на дланката кои го ограничуваат опсегот на движења и ја намалуваат функционалноста на шаката.
Најчести проблеми што ги погодуваат овие зглобови се артритис и автоиумн ревматоиден артритис, вообчено кај повозрасни, но и трауматски оштетувања предизвикани од спорт или несреќа на работа.
Болката не мора да биде со потекло од самиот зглоб, туку од околните зглобни структури како тетива и бурза (перничиња со течност кои ги амортизираат подрачјата помеѓу зглобните структури).
Болката може да зафати исклучиво еден зглоб или повеќе, може да биде симетрична во двете раце или асиметрична во само едната рака.
ПРИЧИНИ
- Остеоартритис
Ова е најчестата причина за болка во зглобовите на прстите на раката која е со воспалително потекло и може да биде многу болна. Нема познат фактор кој ја поттикнува, оти може да се појави и по повреда, но и во претходно комплерно здрава рака. Обично се развива на основата на палецот, како и дисталниот или среден зглоб на прстот.
- Ревматоиден артритис
Автоимуна болест на зглобовите во целото тело, но најчесто го зафаќа рачниот зглоб и прстите, како и нивните тетиви. За разлика од остеоартритисот, ревматоидниот артритис почесто се развива на првиот зглоб на прстот, односно на рачниот зглоб.
- Повреда
Било каква повреда како исчашување или скршеница на прстот, дава симптоми на болка во непосредниот зглоб.
- Тендинитис
Воспалението на тетивите кои ги спојуваат коските на шаката со придружните мускули и помага при движење на прстите, може да предизвика болка околу зглобот.
- Гихт
Воспаление на зглобот настанато со насобирање на кристали на мочната киселина во зглобовите, поретко е лоцирано во прстите на дланките, но можно е да се појави и на ова место.
- Инфекција
Бактериската инфекција може да продре внатре во зглобовите особено по тешки трауми или оперативен зафат во подрачјето на дланката.
ОСТАНАТИ СИМПТОМИ
Болката може, но и не мора да биде единствен симптом што го има индивидуата. Покрај болката, придружни симптоми може да бидат:
- Топлина на зглобот
- Црвенило на зглобот
- Отекување
- Намален опсег на движења
- Вкочанетост на прстите – кај ревматоидниот артритис најлоша е наутро и трае подолго од половина час, а при остеоартритис трае покусо и попушта по раздвижување
- Деформација на прстите поради отекување на зглобовите
ДИЈАГНОЗА
Поставувањето дијагноза често е можна веќе по физички преглед, но понекогаш, со цел да се исклучат автоимуни болести, треба да се направат дополнителни тестови и крвни анализи. Лекарот може да побара од пациентот и рентген на двете дланки.
ЛЕКУВАЊЕ
За лекување на болките во зглобовите на прстите на раката се користат следниве методи:
- Ставање студени облоги на болните и отечени зглобови
- Штедење од напорни активности, ако болката се појавила акутно или нагло, понекогаш и имобилизација на зглобот
- Користење на додатоци на исхрана и креми на природна база кои содржат витамини, минерали и други состојки за елиминирање на болката и одржување на здравјето на зглобовите
- Физикална терапија
- Аналгетици и антивоспалителни лекови
- Кортикостероидна инјекција во болниот зглоб
- Антиревматски лекови
- Операција во случај на потешко оштетување на зглобот