Многу истражувања укажуваат дека болката, сонот и проблемите со расположението имаат тенденција да се јавуваат заедно, кај луѓето со остеоартритис. Оваа комбинација на непријатни симптоми може да предизвика бројни проблеми во вашиот секојдневен живот, и да го забрзаат одењето на лекар. Болката е главен факт што го означува почетокот или едноставно состојбата на остеоартритис.
Освен болката, несоницата и депресијата довеле до тоа луѓето кои живеат со остеоартритис побрзо да појдат на лекар. Во студијата во која учествувале 2976 луѓе половина од учесниците имале најмалку еден од овие три симптоми: болка, несоница и депресија. Приближно 34 отсто од пациентите се соочиле со несоница, додека 29 отсто имале депресија, покрај умерената до силна болка.
Студијата покажала дека меѓу пациентите со остеоартритис 47 проценти изјавиле дека имаат умерена до силна болка, 17% несоница и 21% клиничка депресија. Дотолку повеќе околу 13 % имале истовремено умерена до силна болка и несоница, а 13 % покажале истовремено умерено силна болка и клиничка депресија.
Одделни сегмети од истражувањето откриле изненадувачки резултати. Општо е познато дека болките кај остеоартритис, несоница и депресија меѓусебно делуваат и дека еден симптом може да влоши друг. Со оглед на овие сложени интеракции, очекувано би било некои синергитистички ефекти да постојат кај пациентите со остеоартритис. Студијата меѓутоа не открила такви синергистички ефекти, што било изненадувачко, но добро од перспектива на пациентите.
Резултатите од овие и разни други истражувања можат да помогнат во информирањето на пациентите со остеоартритис. Со оваа знаење пациентите можат да бидат свесни дека болката кај остеоартритисот често може да се јавува со несоница и промени во располжението, така што проактивно може да се бара соодветен третман.
Добра вест е дека потешкотиите при спиење, несоницата, како и депресијата, промените во расположението се проблеми кои можат да се лекуваат. Слободно побарајте ја сета потребна помош во врска со депресијата или промените на расположението. Достапни се многу ефикасни терапии и за депресија, и за здрав сон и одмор, како и природни препарати за сите симптоми на остеоартритис.