Ве мачи социјална фобија, а не сте свесни? Еве што мора да знаете за неа

Социјалната фобија (Социјално анксиозно пореметување) е непримерен страв од изложеност на набљудување и критичка проценка на други лица во различни структурни ситуации. Социјалната фобија е насочена кон стравот да не бидат забележани од други луѓе во мали групи (спротивно од маса на луѓе), што доведува до избегнување социјални ситуации. Почетокот може да се случи одеднаш (стрес, понижувачко искуство) или незабележливо.

Тоа е пореметување кое има значајно негативно влијание на социјалниот живот, работната активност и квалитетот на живот на поединецот. Често е оптоварен со коморбидитети од други анксиозни пореметувања, депресија, како и зависност од алкохол и дрога. За разлика од повеќето други фобии, социјалната фобија е еднакво честа и кај мажите и кај жените.

Бихевиоралните теории укажуваат на три клучни фактори во развој на ова пореметување:

  • Директно кондиционирање на стравот (во 50% од случаевите)
  • Секундарно кондиционирање на стравот
  • Вербален и невербален пренос на ситуации со фобогени социјални ситуации

За конечна дијагноза, мора да бидат исплонети сите овие критериуми:

  • Психолошки, бихевиорални или вегетативни симптоми, мораат да бидат примарна манифестација на анксиозност
  • Анксиозноста мора да биде ограничена или претежно да се појавува во посебни социјални ситуации
  • Фобичната ситуација се избегнува кога и да е можно тоа

Лицата со социјална фобија се загрижени поради можните непријатности и се исплашени дека околината ќе ги смета за анксиозни, слаби, пореметени. Се плашат од јавен говор со загриженост да не се види како им се тресат рацете, им трепери гласот, а може да почувствуваат голема анксиозност во разговор со други лица од страв дека делуваат неразбирливо. Може да избегнуваат јадење, пиење, со често присутни симптоми на анксиозност: прескокнување на срцето (палпитација), тремор, потење, гастроинтестинални тегоби, пролив, напнатост во мускулите, црвенеење, конфузност.