Дали дијабетесот може да се излечи?

Дијабетесот тип 2 или инсулин независниот тип на дијабетес, според модерната медицина е хронично заболување за кое нема лек.

Но, дали тоа навистина е така?

Во случајот а овој тип на дијабетес телото или не произведува доволна количина на инсулин, или клетките во телото не одговараат правилно на неговото дејство.  Поради тоа во крвта количината на глукоза почнува да го надминува нормалното ниво и со тек на време да предизвикува оштетувања и различни компликации.

Овој тип на дијабетес се јавува почесто кај лицата над 40 годишна возраст, кај оние со преголема телесна тежина и кај оние со генетска предиспозиција односно со фамилијарана историја од оваа болест.

Иако се вели дека оваа болест е неизлечива, сепак постојат многу случаи каде со промена на животниот стил нивото на глукоза во крвта се нормализирало и останало нормално.

Една од таквите промени е губењето на прекумерната телесна тежина.

Прв чекор во оваа насока е промената на исхраната и започнување на редовна физичка активност.

Ваквите промени не треба да се сфатат како нешто привремено, туку треба да станат начин и дел од секојдневниот живот.

Честопати по првичното подобрување се случува луѓето да им се вратат на старите навики, и повторно да им се покачи нивото на шеќер во крвта. Но, тоа не треба никој да обесхрабри затоа што многу често се случува, но истотака и се надминува.

Диетатата која се препорачува за успешно менаџирање на дијабетот се базира на употреба на нутритивно богата и здрава храна, и нејзино конзумирање во умерена количина во точно одредени временски периоди.

Основа на овој тип на исхрана се зеленчукот, овошјето со низок гликемиски индекс и интегралните житарки.

Лицата со пред дијабетска состојба или со дијагностициран дијабетес, честопати се упатени да побараат помош и од нутриционист со цел да им помогне во составувањето на оптимален план за исхрана кој лесно би го прателе и кој би дал позитивни резултати за нивното здравје.

Доколку лицето е гојазно, овој план освен што би требало да му помогне за нормализирање на нивото на шеќер во крвта, истотака би требало да помогне и за намалување на прекумерната телесна тежина.

Еден од главните проблеми кај гојазните лица и кај оние што нездраво се хранат, е прекумерниот внес на калории и маснотии, кој последователно води до покачено ниво на глукоза во крвта.

Оваа диета се базира на јадење на три главни оброка во одредени периоди од денот, без прејадување туку со внимавање на изборот на храна и на големината на порцијата.

Храната која треба да се избегнува се заситените масти, процесираната индустриски преработена храна, транс мастите, храната богата со холестерол, храната и напитоците кои содржат шеќер.