Дали лицата со дијабетес треба да гладуваат?

Луѓето кои имаат шеќерна болест во својата исхрана треба да избегнуваат рафинирани житарки, шеќери и слатки, засладени пијалоци, процесирана, пржена, мрсна храна и алкохол, но тоа сепак не значи дека треба да останат гладни.

Напротив има цела низа на хранливи и вкусни продукти, кои се препорачуваат за сите оние кои имаат дијабет, ова се само некои од нив:

Храна богата со Омега 3 – мрсната риба е најдобар природен извор на омега 3 масни киселини. ЕПА и ДХА се многу важни за човековото здравје, а особено за луѓето со шеќерна болест, бидејќи штитат од дополнителни компликации.

Лососот, харингата, сардините итн, го намалуваат хроничното воспаление, го штитат срцето, го регулираат нивото на шеќер во крвта, ја подобруваат работата на крвните садови, влијаат врз здравјето на кожата итн.

Рибата е лесно сварлива,и е одличен извор на протеин, и затоа успешно го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го одржува чувството на ситост.

Зелени лиснати зеленчуци – зеленчуците како спанаќ, кељ, блитва итн. содржат малку калории, а се екстремно хранливи, богати со витамини и минерали и други фитонутритиенти.

Кога се конзумираат не делуваат негативно врз нивото на глукоза во крв, содржат хлорофил кој ја помага детоксификацијата на телото, а богати се и со витамин К и витамин Ц.

Авокадо – авокадото во последно време се повеќе се конзумира и на нашите простори, затоа што освен што е вкусно и што заситува, содржи здрави маснотии и малку калории.  Некои студии покажале и дека помага за регулирање на шеќерот во крвта.

Чиа семки – растителен извор на Омега 3 киселини, богати со лесносварливи јаглехидрати и растителни влакна.  Не го покачуваат шеќерот во крвта, туку напротив покажано е дека и вискознитерастителни влакна можат да помогнат во неговото намалување, затоа што ја забавуваат абсорпцијата на храната и дополнително создаваат чувство на ситост.

Јаткасти плодови – јатките како оревите, лешниците, бадемите, фстаците и други се премногу вкусни и хранливи, за кои е докажано дека доколку редовно се јадат може да ја намалат инфламацијата во телото и да го намалат шеќерот во крвта.

Екстрадевствено маслиново масло – ова масло содржи олеинска киселина кој може да го подобри гликемискиот менаџмент, и дополнително има антиоксидансни својства.

Лук – една од храните од кои лицата со дијабет може да имаат голем бенефит е лукот. Богат е со манган, селен, витамин Ц и Б6, со биоактивни природбни супстанвции и растителни влакна.  Научно е докажано дека освен што го мнамалува покачениот крвен притисок и холестерол, помага и во здравото менаџирање на шеќерот во крвта.