Според податоците на Светската здравствена организација, третина жени кои денес живеат и 50% од мажите во некои моменти од животот ќе дознаат дека имаат рак. Ти Болингер, истражувач за ракот, смета дека не мора да биде така. Авторот на бројни книги за карциномот тврди дека во борбата со ракот најважна е превенцијата, а една од алатките што помага во превенцијата секако е детоксикацијата, особено на дебелото црево, бубрезите, црниот дроб, жолчниот меур, како и крвта.
„Ако повеќе токсини навлегуваат во телото, отколку што излегуваат, што во денешниот валкан свет е прилично тешко, конечни резултати се намален доток на кислород во клетките, мрзеливо варење, како и зголемена чувствителност на бактериите, вирустие, габите и паразитите. Освен ова, токсините го намалуваат Ph нивото во крвта, односно го закиселуваат. Тоа е совршена територија за размножување на микроби, но не оние кои ни помагаат да ја свариме храната. На туѓите тела им е отворен патот до здравите клетки и ги претвораат во малигни – и така почнува болеста. Всушност, се почнува во дебелото црево, кога ослабените ѕидови на цревата ќе почнат во крвотокот да ги пропуштаат токсините кои не само што ја валкаат крвта, туку и го преоптоваруваат црниот дроб. Кога во црниот дроб има повеќе токсини отколку што тој може да преработи и да ги отстрани, токсините одат во бубрезите, а потоа во лимфните јазли и на крај во мочниот меур„, објаснува Ти Болингер, нагласувајќи дека телото не би заболело од рак, ако хемикалиите и токсините не продираат низ цревата до крвотокот и црниот дроб. Имено, кај повеќето лица заболени од рак, ниту цревата, ниту црниот дроб не работат како што треба.
Чистење на дебелото црево
Најголемиот дел од имуниот систем – дури 90% – живее во дебелото црево. Тоа е прво место на кое ќе се насобере отровниот отпад. Ако сакаме да бидеме здрави, задолжително е чистење на дебелото црево, па така се препорачува чистење со помош на исхрана и пребиотици. Микрофлората во цревата штити од вируси, бактерии и други патогени, како и од токсини.
Чистење на бубрезите
Бубрезите се филтри на крвта, тие секојдневно филтрираат до 140 литри крв при што се создаваат до два литри урина. Кога отровите ќе се насоберат и ќе почнат да ги преоптоваруваат бубрезите, може да почне да се создаваат камења во бубрезите, а во најлош случај бубрезите откажуваат.
Чистење на црниот дроб/жолчниот меур
Црниот дроб и жолчниот меур исто така ја филтрираат крвта и ги отстрануваат бактериите и вирусите. „Кога црниот дроб е здрав„, тврди Ти Болингер, „речиси нема болест што организмот не може да ја совлада„. Затоа за чистење, тој препорачува необичен домашен третман, три дена да пиете по литар непреработен јаболков оцет. Артичоката се смета за природен детоксикатор на црниот дроб, како и за негово правилно и непречено функционирање.
Чистење на крвта
Кога заради пропуштање на ѕидовите на цревата во крвта ќе дојдат премногу токсични отпади, вените и артериите почнуваат да губат еластичност. На внатрешните ѕидови се собира отпаден материјал, на кој му слабее ефикасноста. Чистењето на крвта е нужна мерка, за да може да продолжи да тече и да го снабдува телото со хранливи материи и кислород.