ДЕТОКС НА ЦРНИОТ ДРОБ

Детокксикацијата на црниот дроб подразбира отстранување на отровите од организмот. Чистењето на овој орган е пожелно, особено по периоди на празници, и прејадување со масна храна.

Потребата за детоксикација на организмот доаѓа од загриженост дека токсините и хемикалиите со потенцијално штетни ефекти константно ти го бомбардираат телото. Додека некои отрови се очигледни како пестицидите и смогот, се смета дека дури и некои навидум нормални суспстанци може да бидат токсични. Отровите потекнуваат од многу извори, вклучувајќи:

  • Алкохол
  • Кофеин
  • Лекови
  • Пестициди или супстанци за производство на храна
  • Смог и супстанци од воздухот
  • Вештачки засладувачи и адитиви
  • Шеќер
  • Контаминирана вода

Се верува дека телото ги задржува токсините во дигестивниот, лимфниот, гастроинтестиналниот систем, како и во косата и кожата. Токсините може да предизвикаат различни проблеми како што се замор, главоболка, мачнина и голем број на хронични болести.

За да не се подвргнувате на рестриктивни детоксикациски диети, кој баш и не се подобни за многу категории луѓе, најдобро е да се внимава на исхраната, односно да се јаде варено, овошје, зеленчук и да пие многу вода. Се препорачува и физичка активност од барем 30 минути дневно.

Сето ова најдобро се надополнува со користење на додатоци во исхраната, кои природно и безбедно ќе го исчистат црниот дроб и ќе ја подобрат неговата функција. Артичоката е докажана во природната детоксикација на црниот дроб, која го чисти телото од акумилираните отрови, а прави и чистење на цревата.

Организмот има сопствен природен детоксикациски процес кој добро функционира. Но, ако во црниот дроб се насобрани отрови, неговата функција се забавува и не може правилно и навремено да се ослободи од сите штетни материи, а со тоа да се елиминираат и токсините од останатите системи задолжени за детоксикацискиот процес.