ЗАМОР – Симптом за болести

Заморот, како самостоен симптом најчесто не кажува ништо за здравствената состојба на пациентот, а истовремено не открива многу и за стручното лице каде сте дојдени на преглед. Но, лекарите потенцираат дека заморот како состојба мора да се гледа во контекст на појавата на други симптоми.

ЗАМОРОТ може да се појави во различни варијации – пациентот може да остава впечаток дека не е доволно наспан, може да чувствува дека не може долго да вежба како порано или може да чувствува неодстаток на енергија во текот на целиот ден. Пациентот може да се чувствува и емоционално и психички изморено, што може да биде последица на стрес.

НАРУШЕНА ФУНКЦИЈА НА ТИРОИДЕАТА

Тироидеата го контролира не само нивото на енергија, туку и активноста на метаболизмот и на имунитетот. Проблемите со шититната жлезда не се невообичаени, но се сметаат за главни причини за појава на замор кај лицето. Покрај заморот, симптоми на нарушена функција на штитината жлезда се и: запек, дебелеење, сува кожа.

АДРЕНАЛЕН ЗАМОР 

Иако не е толку чест како проблемите со тироидеата, адреналниот замор е второ најчесто заболување кое предизвикува замор. Со него се појавува и вртоглавица, губење на килограми, пролив и хиперпигментација, односно појавување на флеки на кожата кои се потемни од самата кожа.

СИНДРОМ НА ХРОНИЧЕН ЗАМОР

Овој синдром ја прави речиси секоја обврска предизвик, а понекогаш и невозможна – од одење на работа до домашни обрвски. Токму поради тоа околу 25% од заболените се врзани во домот. Со заморот се појавува и болка, воспаленија, па дури и замаглено размислување.

АНЕМИЈА 

Анемијата се појавува бидејќи во крвта нема доволно здрави црвени крвни клетки кои пренесуваат кислород. Покрај замор, анемијата поттикнува многу силен менструален циклус, појава на полипи, како и недостаток на витамин Б12. Многу бледа кожа, забрзана работа на срцето, главоболки и вртоглавица, како и кршливи нокти.

ДИЈАБЕТЕС

Заморот е чест симптом на дијабетесот, но и интензивната и нагласена жед, како и честото уринирање се исто така симптоми на оваа болест. Причината за тоа е дека телото се обидува да го одржи нивото на глукозата во крвта, што остава чувство на премореност.

КЛИНИЧКА ДЕПРЕСИЈА 

Кај клиничката депресија, главни симптоми се лошата волја и силниот замор. Заболените често немаат волја да станат од кревет, а камо ли да ги извршуваат секојдневните обврски. Покрај тоа, тагата, губење на апетитот, како и проблеми со концентрација се симптоми на клиничката депресија.

ЕНДОКАРДИТИС

Ендокардитис, односно воспаление или инфекција на срцето, исто така може да предизвика замор. Кај ова заболување се појавува и треска, а лицето често чувствува и трнење низ целото тело.