ЗОШТО СМЕ НЕРВОЗНИ?

Нервозата е едно од понепријатно чувство со кое, глем број луѓе, редовно се среќава. Ако не знаете што значи да се биде нервозен, тогаш навистина имате среќа. Но, сепак тешко е да се поверува дека постои некој кој досега не се сретнал со ова чувство.

Кога сте нервозни, вашето тело постојано чувствува дека можеби нешто лошо ќе се случи. Срцето чука побрзо, крвниот притсок е покачен, а целиот организам е преплавен со адреналински и кортизолни хормони кои бараат борба или бегство од непријатната ситуација што предизвикува нервоза.

Се што треба да направите за да се смирите е да се присетите дека сите понекогаш сме нервозни и дека на крајот, имате контрола над својот ум и тело. Ако имате правилен став и трикови кои може да ви помогнат за смирување, ќе може да ја решите нервозата во кус рок.

Зошто сме нервозни?

Благодарение на еволуцијата, нашето тело создало различни механизми за одбрана од престојните опасни предизвици, кои за предците биле исклучително важни за преживување. Во таквите ситуации се јавува симпатикусот – нервен систем кој е посебно активиран во тек на ситуација која предизвикува страв и вознемиреност.

Но, тој не е нужно лош и не треба да се поврзува само со опасни ситуации, бидејќи неговата појава воедно го подготвува телото за напорни активности и зголемена работа. Со други зборови, кога некој сака да ве нападне, симпатикусот се активира и вашето тело се поттикнува до тој степен до го подготви телото за борба или бегство. Што и да одберете во тој момент, тие ќе имаат една заедничка цел – да преживеете.

При чувството на нервоза малку е поинаку, бидејќи се случува непосредно пред да се појави опасен настан. Да се ​​биде нервозен значи на некој начин да се подготвиме за активирање на симпатикусот, односно претставува подготвителна фаза за реакција „борба-или-бегство“.

Што се случува кога сме нервозни?

Чувството на нервоза е придружено со бројни невербални знаци кои претставуваат симптоми на нервоза. Научна студија на шведски научници објавена во 2008 година во познатото списание Journal od Nonverbal Behavior посебно истакнува некои од нив кои се активираат при чувството на нервоза:

  • грчеви со стомакот
  • потење на дланките
  • забрзано чукање на срцето
  • ширење на зениците,
  • главоболка
  • мачнина
  • забрзано дишење
  • намален апетит
  • констипација (запек)

Една од главните причини зошто сте нервозни е токму тоа што не сте сигурни каков ќе биде исходот од настанот во кој се наоѓате и тогаш премногу се грижите за сите можни влијанија врз ситуацијата за да видите дали постои можност за излез од неа.