Симптомите по паничен напад нагло или постепено исчезнуваат, а помеѓу нападите, честа е антиципирачката вознемиреност поврзана за ситуации коишто можат да доведат до развој на паника. Пациентите обично се гледаат во станиците за брза помош во своите рани 20. години, како физички здрави лица кои инсистираат на физички преокупации и можна смрт од срцев удар.
Некои заболени генерално се жалат само на потребата да се избегнат низа ситуации во кои може да се појават напади. Заминување од дома, возење со воз, автомобил, лифт, шетање по улица, пазарување во шопинг центар, пациентите често ги наведуваат како потенцијални стресни ситуации во кои може да се случи напад на паника и да ги загрози или по живот или јавно да ги посрамоти. Поради таквата генерализација и непредвидливост на настап на паника со неможност да се контролира нападот, постои значително стеснување на секојдневните активности. Последица за многумина е депресија.
Возраста на појава на панично растројство варира, но обично се јавува најмногу помеѓу доцната адолесценција и средината на 30. години. Почетокот по 45. година од животот е невообичаен. Напади на паника најчесто се јавуваат на возраст од 18 до 24 години. Според описот на пациентите, типичниот тек е хроничен и осцилирачки. Некои луѓе може да имаат епизодни напади со години на ремисија, а други може да имаат трајна тешка симптоматологија.
Иако агорафобијата може да се развие во која било точка од развојот на нарушувањето, таа обично се јавува во првата година од почетокот. Агорафобијата може да стане хронична и независна од паничните напади. Нетретираното панично нарушување е хронично, а пропратната депресија, според некои истражувања, доведува до зголемен ризик за самоубиство, додека злоупотребата на супстанции се јавува во околу 20-40% од случаите.