Како да си ги заштитиш колената?

Коленото е најголем зглоб во човечкото тело, составен од три дела и како што старееме секој од овие делови може да подлежи на оштетување, но тоа немора да ја наруши функцијата на коленото доколку го заштитиме.

Еве неколку основни чекори кои можат да ти помогнат да ги заштитиш твоите колена:

  1. Одржувај нормална телесна тежина

Колку што  е поголема телесната тежина толку е поголем и притисокот врз колената.  Затоа за да ги заштитиш своите колена потребно е да одржуваш нормална телесна тежина.

  1. Продолжи да се движиш

За да останат твоите зглобови здрави, многу е важно редовно да се движиш.  Редовната физичка активност помага за одржување на нормалната функција на  зглобовите, затоа што ја подобрува силата и опсегот на движење, со што колената почнуваат да трпат помал притисок.

За заштита на колената некои експерти препорачуваат рекреативно да се трча секој втор ден затоа што како што старееме на колената им треба повеќе време да се опорават.  Истотака се препорачува во тек на неделата да се комбинираат активности кои имаат различен импакт врз колената.

  1. Засили ги мускулите кои им даваат поддршка на колената

За колената да добијат соодветна поддршка, потребно е да се зголеми мускулната сила на околните мускули.  На тој начин ќе се заштити рскавицата и ќе се намали стресот врз згобовите.

  1. Подобри си го држењето на телото

Лошото држење го поместува гравитациониот центар на телото, со што притисокот врз куковите и колената се зголемува.

Затоа многу е важно да се потсеќаме да го држиме телото исправено каде главата ќе биде во линија со рамениците, рамениците директно над колковите, колковите израмнети со колената, а колената израмнети со стопалата.

Практикувањето на јога, таи чи и вежби како планк, кои помагаат за правилно држење на телото, делуваат заштитно и врз колената.

  1. Избери ги вистинските чевли

Носењето на добри чевли кои освен што се удобни им даваат и правилна поддршка на зглобовите.  Експертите советуваат дека е потребно за секоја соодветна активност да се изберат и соодветни чевли.  Истотака за да се избегне дополнителен притисок врз колената се советува да се избегнува и носењето на високи потпетици.