Како се манифестира ХПВ инфекцијата

СИМПТОМИ

Кај мажите гениталните брадавици се јавуваат на главата на пенисот и на перпуциумот, а кај жените на малите усни, по целата површина на вагината, на перинеумот или околу чмарот. Вр­вот на доминацијата на ХПВ-ин­фек­ци­ја­та кај жените е во нив­ни­те ра­ни два­е­сет­ти го­ди­ни.

Во случај на поголем број кондиломи, и ако тие се во групи, можни се крвавења и тогаш кондиломите се многу болни. Инфекцијата со високо ризичните типови може да биде придружена или да се јави изолирано, и обично се открива преку ХПВ-брис од грлото на матката, кој се препорачува да се направи при ненормалности во ПАП-тестот.

КЛИНИЧКИ ТЕК И МАНИФЕСТАЦИИ

ХПВ-инфекцијата може да биде латентна, субклиничка или клиничка. Може да биде инфекција со ниско вирусно внесување без клиничка болест, или инфекција со високо вирусно внесување со клиничка болест. Таква болест може да се манифестира како генитални брадавици или како интраепителијална лезија од низок или од висок степен. Кај 90 отсто од инфицираните со ХПВ со висок или со низок степен инфекцијата се исчистува за време од две години. Средното време до исчистување од гениталните брадавици по третманот е околу шест месеци. Кај жените, до 30 отсто од случаите гениталните брадавици спонтано се повлекуваат во период од четири месеци.

Не е јасно дали ова имуно-посредована регресија ја елиминира инфекцијата или ја супресира за стално, но и во двата случаи вирусот престанува да манифестира лезии. Во помал број случаи каде што инфекцијата не се исчистува, постои ризик од прогресија во малигнитет.

Врвот на преваленцата на ХПВ-инфекцијата кај жените е во нивните рани дваесетти години. Кога жените ќе достигнат 20 години од животот, преваленцата постојано се намалува, макар што помал втор врв се јавува кај постменопаузалните жени во некои географски области. Ова може да се препише на присуството на вирусот или доаѓа до нова инфекција. Интервалот помеѓу инфекцијата и дијагнозата на карциномот е од 10 до 20 години. Поради тоа што врвот на инциденцата на цервикалниот карцином не се јавува до 40-годишна возраст, тестирањето за присуството на ХПВ е најкорисно помеѓу 30 и 40-годишна возраст.