ШТО СЕ АРИТМИИ?
Срцето има основна задача со своите контракции црпи (пумпа) крв во телото. Истисната функција ја извршуваат две преткомори и две комори. Оваа мехаичка функција е координирана со посебна електрична инсталација, која се нарекува проводен систем.
Проводниот систем се состои од природни места на избивање на електричниот импулс (природен песмејкер), а а главното место кое ги диктира бројот на отчукувања е т.н. синусен (ЅА) јазол, кој е сместен во десната преткомора. Од ова место, електричниот импулс патува кон коморите и накратко застанува на границата помеѓу преткомората и комората, на место кое се нарекува AV јазол. Овој вграден, природен застој служи за тоа да овозможи дополнително полнење на комората од преткомората, што допринесува за вкупната истисна функција на срцето со околу 20-30 проценти волумен на крв. По тоа, импулсот патува преку посебен систем на електрични “жици“ во комората, кои потоа симетрично се стиснуваат и исфрлаат вкупна количина на крв која е предвидена со секое отчукување.
Изразот аритмија го опишува отстапување на опишаниот нормален след на електрични импулси во срцето. Нормалниот срцев ритам се нарекува синусен ритам (со оглед дека доаѓа од синусниот јазол), а нормалниот број на отчукувања не е фиксен број, туку претставува распом, кој кај повеќето луѓе изнесува 60 9или 50) до 100 отчукувања во минута.
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ АРИТМИЈА
Како последица од аритмијата обично доаѓа нарушување на истисната функција на срцето, што лицето може и не мора да го почувствува. Пречките зависат и од видот на аритмијата, а може да бидат во распон од релативно незагрижувачко чувство на прескокнување на срцето, до недостаток на воздух, замор, вртоглавица, волка или притисок во градите, и во краен случај, губење на свест.
Важно е да се забележи и настапувањето и траењето на аритмиите. Некои аритмии, откако ќе започнат, се трајно присутни, некои се јавуваат во напади кои може да траат неколку минути, часови или денови. Некои почнуват нагло, а исто така и престануваат; некои се поврзани со напор, а некои може да се почувствуваат во поголема мера во фаза на одмор, на пример, навечер пред спиење. Постојат и аритмии чија зачестеност се намалува при напор.