Коските, мускулите и зглобовите не мора да пропаѓаат со стареeњето

Како што старееме, стареат и нашите мускули, коски и зглобови.  Но, за разлика од појавата на брчки и седа коса, за кои речиси ништо не може да се направи, според последните истражувања штетата на мускулоскелетниот систем која би ја предизвикало стареењето може да се спречи.

Објаснувањето е дека, поголемиот број на оштетувања кои доаѓаат со стареењето се резултат на неактивноста, и според тоа редовната физичка активност може да делува заштитно.

Најчести проблеми со кои се соочуваат луѓето во поодмината возраст се:

  • остеоартритис – при оваа сосотојба доаѓа до губење на рскавицата меѓу коските во зглобовите како резултат на што се јавува болка и вкочанетост
  • остеомалација – коските омекнуваат, поради појавувањето на проблеми во метаболизмот на Д витаминот
  • Остеопороза – коските стануваа лесно кршливи и порозни
  • Ревматиден артритис – хронично воспаление на зглобовите како резултат на автоимун процес
  • Мускулна слабост и болка – пратечка компонента на сите погоре опишани состојби

Како што старееме мускулите стануваат се послаби.  Тоа допринесува да почнеме да се чувствуваме изнемоштено, уморно и со помала кондиција.

Ваквата промена во мускулната сила е резултат на намалување на бројот на мускулни влакна, забавениот процес на обнова на мускулите и замената на мускулното со цврсто фиброзно ткиво.  Промени трпи и нервниот систем, кој ги дава сигналите за затегање и отпуштање на мускулите.

Коските како што старееме трпат загуба на коскеното ткиво и нивната структура се менува.  Пониската коскена маса значи сека коските стануваат послаби, и поподложни на кршење дури и при едноставен пад или потчукнување.

Причини за ваквото губење на коскената маса се:

  • Неактивен животен стил
  • Хормонални промени – кај жените, процесот на менопауза води до загуба на минералите од коскеното ткиво.  А кај мажите , постепеното намалувања на половите хормони води понатаму до развој на остеопороза.
  • Губитокот на калциум од коските заедно со другите минерали

Во зглобовите, улогата на рскавицата која ги покрива краевите на коските е да го спречи нивното меѓусебно триење затоа што доколку тоа се случи ќе се појави болка и оштетувања.  Како што старееме количината на оваа рскавица се намалува и зглобовите се поподложни на оштетувања.

Во самиот зглоб има синовијална течност. Таа е подмачкувачка течност, чија количина со стареењето истотака се намалува.

Затоа со тек на времето зглобовите стануваат помалку флекибилни, закочени и почнуваат да ги отежнуваат секојдневните активности.

Лигаментите со староста стануваа покуси и поцврсти и истотака ја намалуваат подвижноста на зглобовите.

Добрата вест, според експертите е што сите овие старосни промени, можат да се ублажат или дури и поправат со започнување и одржување на редовна физичка активност.

Редовната физичка активност помага такашто ги зацврстува и коските и мускулите, го забавува интензитетот на губење на коскеното ткиво, ја подобрува рамнотежата и координацијата, може да ја одложи појавата на старосно предизвикана остеопороза, и ја одржува подвижноста на зглобовите.

Во случај на постоечки проблеми со коските и мускулите се препорачува да се изработи персонализиран план за вежбање, со помош на стручно лице, или во консултација со доктор, физотерапевт или искусен личен тренер.