Можете ли сами да препознаете на што сте алергични

КАКО СЕ ДИЈАГНОСТИЦИРААТ АЛЕРГИСКИТЕ БОЛЕСТИ?

Дијагнозата на алергиски болести често се поставува врз основа на препознавање на симптомите на алергијата. Клучни параметри важни за дијагностицирање на болеста се личната и семејна историја, физички преглед на носот, цитолошки назален брис (брис од нос) и алергиски тестови (кожен тест и вкупен серумски IgE). Во препознавање на алергиските болести важна улога игра субјективната изјава на пациентот (лична и семејна историја/анамнеза). Врз основа на разговор со пациентот се поставува работна дијагноза која треба да се потврди (или исклучи) со разни дијагностички процедури. Бидејќи пациентот честопати не е свесен за врската помеѓу надворешните фактори и симптомите на болеста, искусен лекар со целни прашања може значително да ја зголеми дијагностичката вредност на изјавата на пациентот. Со оваа постапка се обидува да се утврди кој алерген во животната средина предизвикува алергиска реакција.

Со помош на анамнезата се одредува групата алергени на кои ќе се тестира реакцијата. Во контакт со применетиот алерген, се јавува реакција што ја потврдува преосетливоста на организмот. По позитивниот кожен тест,  наодот се дополнува со одредување на IgE антитела во крвта. Овие тестови мора да бидат усогласени. Доколку резултатите се контрадикторни, дијагностичката постапка може да се продолжи со правење на тестови со директно изложување на организмот на туѓа супстанца за која се претпоставува дека е причина за алергијата, т.н. провокациски тестови. Останатите дијагностички методи (определување на воспалителни клетки и нивни производи во крвта и зафатениот орган, мерење на функцијата на белите дробови) се користат за класификација во клинички форми на болеста. Дијагностички процедури се користат и за следење на ефектите од лекувањето  или влошувањето на болеста.

МОЖЕ ЛИ САМИ ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ НА ШТО СТЕ АЛЕРГИЧНИ?

Тестирањето на одредени алергени и вакцинацијата со одредени антитела не гарантира сигурна заштита. Обидете се да се тестирате и сами. Секојпат кога ќе се појават знаци на преосетливост, треба веднаш да запишете што сте јаделе, што сте допреле и што сте мирисале. Споредувајќи ги белешките, ќе забележите дека некои материи, јадење, овошје или цвет, секогаш ќе се појавуваат на списокот кога ќе добиете алергиска реакција. Таа штетна метерија која се повторува, сметајте ја за причина за пречувителноста. Штетната материја или повеќето од нив, елиминирајте ги од своето секојдневие или избегнувајте контакт со нив.