Не си на диета, а слебееш? Еве кои може да се причините за тоа

Типичното намалување на телесната тежина обично е предизвикано од промена на животните навики, намалениот внес на калории или зголемена телесна активност. Но, ако ниту една од овие не е причина за нагло намалување на телесната тежина, не е на одмет да се консултирате со лекар, кој ќе ви открие зошто тоа ви се случува.

Според експертите, овие се шест можни причини за нагло и изненадно губење на телесната тежина.

ХИПЕРТИРЕОЗА

Прекумерно активната жтитна жлезда може да доведе до намалување на килограмите.

Намалувањето на телесната тежина пред се е последица на зголемената брзина на метаболизмот и забрзаната работа на цревата, што резултира со малапсорпција – синдром на недоволно апсорпција на хранливите состојки.

Исто така може да имате симптоми како што се замор, ненаспаност, раздразнетост и потешкотии при регулирање на телесната температура.

БОЛЕСТИ НА ЦРЕВАТА

Симптомите на болести на цревата најчесто се намален апетит, мачнина или повраќање, надуеност во стомакот.

Некои примери укажуваат и на некои воспалителни болести на цревата како Кронова болеста, улцерозен колитис, целијакија или хронична болест на црниот дроб. Вашиот матичен лекар може да ве упати на гастроентерохепатолог за точна дијагноза.

ПАРАЗИТИ

Можеби звучи вознемирувачки, но е можно.

Губењето на телесна тежина обично е последица на малапсорпција и потхранетост оти паразитот всушност ги зема хранливите состојки кои лицето ги внесува. Важно е да се внимава на личната хигиена, затоа редовно мијте ги рацете, а при патувања внимавајте да пиете исправна вода и да јадете правилно обработена храна.

ДЕПРЕСИЈА И АНКСИОЗНОСТ

Депресијата често може да доведе до намалување на апетитот. Намалениот внес на калории може да доведе до губење на тежината. Може да постојат и пратечки пореметувања во исхраната, па и тоа треба да се испита. Лекување вклучува мултидисциплинарен пристап.

ДИЈАБЕТЕС

Кога во крвта има премногу глукоза, таа не може да влезе во клетките каде служи за производство на енергија. Поради тоа, телото мисли дека е гладно, па се разградуваат мастите, а на крајот и белковините за да се обезбеди потребната енергија.

Останати симптоми на дијабетес вклучуваат нагласена жед или мокрење, потење, замор и трнење.

РАК

Според стручњаците, необјаснивото намалување на телесната тежина за 10 или повеќе килограми, е еден од најчестите симптоми на рак на панкреасот, желудникот, хранопроводот или белите дробови.

Вообичаени симптоми кои може да предизвикаат значајно намалување на килограмите се: зголемен замор, губење на апетитот, депресија, болки во стомакот, надуеност, дигестивни пречки, краток здив, промени во навиките на мокрење.