Грчевите во мускулите се непријатни болни чувства предизвикани од контракција на мускулите кои се јавуваат нагло и траат од неколку секунди до неколку минути.
Најчесто се јавуваат во мускулите на нозете (мускулот на листот, на стапалата, ножниот бицепс и квадрицепсот).
Се појавуваат како последица на претерано, предолго и необично стегање на мускулите. Поточно, се појавуваат кога нервите испраќаат неконтролирани импулси (надразби) на клетките на мускулите и поради тоа е можат да се “опуштат“. Грчевите и оптоварувањето на мускулите доведуваат до оштетување на клетките на мускулот, кое подоцно се чувствува како болка.
Ноќните грчеви во нозете вообичаено се нагли грчеви, или стегање на мускулот на потколеницата, а понекогаш на бутовите или стапалата. Тие често се јавуваат веднаш откако ќе заспиеме или при будењето, пред станувањето и истегнувањето.
Ноќните грчеви во нозете се почести по 50. година од животот.
ПРИЧИНИ
Наглите грчеви на мускулите може да предизвикаат многу интензивна болка.
Иако грчевите кај повеќето луѓе се само повремена пречка, кај некои се појавуваат и почесто и создаваат секојдневни пречки, како и проблем со квалитетниот одмор и сон.
До грчеви во мускулите може да доведат разни состојби или активности, како што се:
- Вежбање, повреди или пренапрегање на мускулите
- Таложење на млечна киселина во преморениот мускул
- Оштетувања на нервите (поради повторување на одредено движење, односно преоптоварување)
- Бременост – грчеви може да се појават поради намалување на количината на миберали (калциум и магнезиум), а особено во подоцните месеци од бременоста – хормоналните промени кај жените доведуваат до промена во составот на електролитите во телото
- Изложеност на ниски температури, особено на студена вода
- Други медицински состојби, како што се проблеми со протокот на крв (периферна артериска болест), со бубрезите, штитната жлезда или мултипла склероза
- Дехидрација
- Спуштени стапала
- Долготрајно стоење на тврда подлога, седење или држење на нозете во непријатна положба во текот на спиење
- Недостаток на калиум, калциум и други минерали во крвта
- Земање одредени лекови, како што се антипсихотици, контрацепција, диуретици, статини и стероиди
Во многу случаи причините за грчеви во мукулите се предизвикани од попречености во составот на електролитите во меѓуклеточниот простор, кои доведуваат до преголема активност на нервите и со тоа на зголемена зачестеност на грчеви.
КАКО ДА ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО ГРЧЕВИ ВО НОЗЕТЕ?
Можеби ќе мора да испробате неколку различни начини за спречување на грчевите во мускулите, пред да го пронајдете оној кој најмногу ви одговара.
Истегнување и масажа на мускулите – кога ќе дојде до гр, добро е или малку да прошетате или да го измасирате болното подрачје
Топол туш или ставње загреано перниче на мускулот – ги опушта мускулите
Ставање мраз на мускулот (никогаш не го ставајте директно на кожата, туку користете крпа или стара такенина). Ова треба да се прави претпазливо, ако се присутни проблеми со циркулацијата (проширени вени) или атеросклероза
На зафатениот мускул ставете крема против болки, како на пример со пчелин отров
Пијте мултивитамински додатоци (магнезиум, витамин Д)
Јадете здрава храна, а особено намирници богати со калциум, калиум и магнезиум