Опции за третман на артритис во коленото

Раните знаци на воспалението на зглобовите докторите ги третираат во домашни услови со цел да ја намалат болката и да го спречат влошувањето на симптомите.

Најчестите препораки за третирање на артритисот во домашни услови се следните:

  • Избирање на вежби со слаб импакт
  • Ставање на топли или студени облоги за намалување на воспалението
  • Употреба на вежби од физикалната терапија за да се засилат мускулите и подобри еластичноста
  • Земање на лекови без рецепт за намалување на болката
  • Носење на специјални еластични појаси или завои околу коленото

Постојат и алтернативни методи на лекување на артритисот, како на пример:

  • Акупунктура – со боцкање на тенки игли на точно одредени места во телото
  • Балнеотерапија – потопување на коленото во топла минерална вода

Доколку алтернативниот пристап и лекувањето во домашни услови не даде резултат, пациентот добива медицински третман.

За справување со хроничната болка некои лекари препишуваат и антидепресант како дулоксетин.

Капсаицинот кој се добива од лутите пиперки, истотака се употребува за намалување на болката, и за таа цел се користи надворешно, најчесто во форма на креми и масти.

За заштита на рскавицата, се препишува риседронат, лек кој се користи и за третман на остеопороза.

Но, за жал сите овие лекови предизвикуваат и несакани ефекти.

Во случај на ревматиден артритис, бидејќи станува збор за автоимуна болест се препишуваат и лекови кои делуваат севкупно на телото, а не само на зглобовите, како што се модифицирачките антиревматски лекови.

Понекогаш се употребуваат и кортикостероидни инјекции за намалување на воспалението во зглобот во коленото.  Но, не овој пристап е само за краткотрајно решавање на проблемот и поради можноста од сериозни несакани ефекти не се користи како долготрајна терапија.

Ваквите инјекции не смеат да се дадат повеќе од три или ичетири пати во  годината, затоа што можат дапредизвикаат и смрт на коскеното ткиво, или негативно да делуваат и врз другите органи.

Операцијата на коленото е последниот терапевтски пристап и се користи кога ништо друго не дало позитивен резултат.

Но и покрај горенаведените терапевтски опции, постојат некои работи кои треба да ги практикува секој оној кој страда од воспаление на зглобовите.

Така на пример, без оглед на се, потребно е да се остане физички активен, бидејќи прекинувањето секаков вид на активност може да направи контраефект и да предизвика мускулна слабост и вкочанетост.  За да се избегне влошување на состојбата потребно е да се прават специјални вежби за колено.

Истотака, потребно е во некои периоди коленото да се одмара, како на пример после вежбањето или кога симптомите станале многу силни.