Повеќето заболени и не знаат дека имаат хепатитис. Овие се симптомите

Хепатитисот е можеби најпознатата болест на црниот дроб за која слушнале повеќето луѓе. Се работи за вирусна инфекција на црниот дроб, која предизвикува воспаление и оштетување. Постојат пет вида на хепатитис: А, Б, Ц, Д, Е.

ОПШТИ СИМПТОМИ НА ХЕПАТИТИС СЕ:

  • Замор
  • Губење на апетит
  • Изненадна мачнина и повраќање
  • Благо покачена телесна температура
  • Болка и нелагодност во стомакот, особено во горната десна страна, под ребрата
  • Болки во зглобовите
  • Интензивно чешање на кожата
  • Жолтило на кожата и белката
  • Столица со боја на глина

 

ХЕПАТИТИС А – се пренесува со контаминирана храна или вода, а сите лица кои имаат хепатитис А, не манифестираат симптоми. Обично се појавуваат за неколку недели по инфицирањето. Хепатитис А вирусот предизвикува акутна (краткотрајна) болест на црнот дроб и може да се излекува за неколку месеци.

ХЕПАТИТИС Б – може да биде акутен и хроничен. Се пренесува преку крв и сексуални односи. Најдобро е да се почне лекување на самиот почеток, за да се избегнат компликации.

ХЕПАТИТИС Ц – исто така може да биде акутен и хроничен. Се пренесува преку крв, обично со игла кога се вбризгува наркотик, а поретко се пренесува и со трансфузија. Во рана фаза не се манифестира со симптоми, но во подоцен стадиум може да предизвика трајно оштетување на црниот дроб.

ХЕПАТИТИС Д –  е сериозна форма на хепатитис и се развива само кај лица кои имаат хепатитис Б. Исто така, може да биде акутен или хроничен.

ХЕПАТИТИС Е – вообичаено е предизивикан од загадена вода и сам по себе исчезнува за неколку недели и не остава трајни последици.