Причини зошто се појавува Хашимото синдром

Хашимото е автоимуна болест при која имуниот систем создава антитела кои ја напаѓаат штитната жлезда.

Што ја предизвикува оваа реакција? До денес причината не е комплетно позната. Можно е вирусите и бактериите да поттикнуваат реакција, а можно е и болеста да е наследна. Сигурно е дека стресот игра значајна улога, па кај болестите на штитната жлезда е исклучително важно што помалку лицето да се изложува на стресни ситуации.

Последица од нападот на имуниот систем е да хормоните на тироидеата не се застепени во потребната количина, туку недостигаат (хипотиреоза) или, во некои случаи, ги има премногу (хипертиреоза).

Останати причини за појава на хипотиреодизам може да бидат:

  • Недоволно јод во организмот
  • Отстранета штитна жлезда
  • Болести на хипофизата
  • Болести на хипоталамусот
  • Лекување со радиоактивен јод

ДИЈАГНОЗА НА ХАШИМОТО СИНДРОМ

Ако се чувствувате многу заморено, безволно, имате сува кожа, гласот малку и е продлабочен и ако веќе сте имале проблеми со штитната жлезда, треба да направите контрола на хормоните.

Главната “замка“ на оваа болест е што напредува многу побавно, па многумина се навикнуваат на живот со симптомите и не ги препишуваат на болеста.

Прегледот на хормоните на тироидеата покажува колку хормони таа произведува. Испитувањето на TSH укажува на количината тиреотропин (рефернтна вредност 0.27 до 4.2), а FT4 на слободниот тироксин (рефернтна вредност 12 до 22).

Серолошкиот тест, со оглед на тоа дека Хашимото е автоимуна болест, се утврдува количината на антитела Anti-TRO (референтна вредност до 34)

Ултразвук на тироидеата се прави за да се утврди состојбата на штитната жлезда и нејзина големина.