Хроничниот замор е состојба која честопати се игнорира, пренебрегнува и покрај видливите сигнали што ни ги испраќа организмот. Кога навреме нема да се реагира, може да се дојде со сериозни компликации кои го нарушуваат секојдневието, функционирањето и соочувањето до животните предизвици.
Поради тоа, овие пет симптоми на хроничен замор никако не смеете да ги игнорирате:
НЕСОНИЦА И ИСПРЕКИНАТ СОН
Околу 80% од лицата кои страдаат од хроничен замор имаат проблеми со спиењето. Тоа може да се манифестира како неможност да се заспие,, а по заспивањето сонот е испрекинат, односно лицето многу лесно се буди. По будењето, присутно е чувство на ненаспаност. Но, лицето и да отспие 7-8 часа без прекин, и натаму не се чувствува наспано и одморено.
ПРОБЛЕМИ СО КОНЦЕНТРАЦИЈАТА
Повеќето луѓе сметаат, односно претпоставуваат дека симптом на хроничниот замор е постојано чувство на замо. Но, постојат и други сигнали како изразена заборавеност и потешкотии со концентрацијата. Лицата со хроничен замор тоа чувство го опишуваат како чувство дека постојано се опкружени со густа сива магла, како мозокот да им е еднакво уморен како и телото.
ПРЕМОР
Неважно дали станува збор за прошетка или слушање на соговорниците во некое друштво, по било какво ниво на физички или емоциоанлен стрес, лицето се чувствува како да минало низ воено поле. Ако вашето тело или ум се изложени и на најмал напор, се чувствувате комплетно немоштени.
ТЕЖИНА ВО НОЗЕТЕ
Лицата кои ги мачи хроничен замор и стоењето на нозе може да им биде тешко. Дотолку повеќе што симптомите на хроничниот замор може да станат комплетно изразени кога стојат, отколку кога лежат. Стручњаците веруваат дека лицата со синдром на хроничен замор доживуваат состојба наречена ортостатска интолеранција, при која дотокот на крв во мозокот слабее кога стојат исправено.
БОЛКИ ВО ТЕЛОТО
Главоболки кои се враќаат, болка во зглобовите, мускулите, па дури и болно грло кое не поминува, може да бидат знаци на хроничен замор. Често нема црвенило, ниту отоци – лицето само чувствува болка која може да се шири длабоко во мускулите и во зглобовите.