Кога и кој треба да прави превентивни прегледи?
Најновите насоки на Американското здружение за рак укажуваат на тоа дека возрасната граница за скрининг или превенција на рак на дебелото црево треба да се намали на 45 години, бидејќи појавата на овој вид на рак меѓу младата популација драстично е зголемена.
“Намалувањето на возрасната граница при скринингот треба да го ограничи влијанието на ракот на дебелот црево на младата популација. Не само што кај младите лица се почесто се дијагностицира овој тип на рак, туку се открива во доцна фаза на болеста, кога е потешко да се излекува. Со усвојување на овие насоки за скрининг, ќе се добие долгорочен ефект за идните генерации“, објаснува д-р Ненси Ју, професорка на Одделот за хируршка онкологија на Универзитетот Тексас.
Стручњаците истакнуваат и дека е важно кај уште помладата популација – која со години е далеку од новите препорачани возрасни граници за скриниг, со целна едукација да се разбуди свеста за важност на превенцијата. Нивна должност треба да биде сами да ги надгледуваат можните симптоми за рак и евентуално да му ги посочат на својот матичен лекар.
“Понекогаш секојдневието толку не обзема, што забораваме да размислиме за тоа дека можеби не се во прашање само хемороиди“, вели д-р Ју.
Доколку ви се чини дека имате причина за загриженост, обрнете внимание на можните симптоми на рак на дебелото црево. Тоа се:
- Крв во столицата
- Необјасниви грчеви во стомакот
- Нагло намалување на телесната тежина
- Запек или пролив кој не престанува
- Промени во терминот, зачестеноста и количината на столицата за време на голема нужда