СОВЕТИ како да спречите појава на хипертензија

Ако имате ризик фактори за појава на хипертензија, тогаш задолжително мора да превземете нешто за да се заштитите.  Еве што може да направите:

ПОЧНЕТЕ СО ПОЗДРАВА ИСХРАНА

  • Здрави маснотии во исхраната

Зголемете го количеството на овошје и зеленчук – Полека обидете се да го зголемите количеството на овошје и зеленчук во вашата исхрана. Се препорачува да се јаде повеќе од седум порции на овошје и зеленчук секој ден, најдобро десет.

  • Променете го начинот на кој ја сервирате храната

Наместо во чинијата да имате најголемо парче месо и три прилога, обидете се да си сервирате оброк така што месото ќе биде само додаток.

На пример наместо да изедете голем стек со салата, изедете салата во која се додадени парченца стек, но во многу помала количина.

  • Престанете да јадете шеќери

Обиди се да го избегнуваш шеќерот во сите можни форми, и како чист шеќер, но и како состојка во некои други производи.  Читај ги внимателно состојките во производите што ги купуваш.

Поставете си за цел намалување на телесната тежина

Ако имате прекумерна телесна тежина, обидете се да си направите план за постепено намалување на килограмите, ако е потребно консултирајте се и со доктор или со нутриционист.  Потоа постепено зголемувајте ја и секојдневната физичка активност.

РЕДОВНО МЕРЕЊЕ НА КРВНИОТ ПРИТИСОК

Еден од најважните чекори во превенирање на појавата и компликациите од покачениот крвен притисок е тој редовно да се мери.  Мерењето може да го врши докторот во неговата ординација или самиот ти во удобноста на својот дом доколку си набавиш квалитетен апарат за мерење на притисокот.

Навремената дијагностика може да ви помогне навремено да реагирате и во соработка со докторот да го ставите притисокот под контрола за да се избегнат евентуални понатамошни компликации.