Што е агорафобија или страв луѓе и отворен простор?

Според современата класификација, фобиите спаѓаат во групата под името Фобични анксиозни пореметувања. Фобиите се карактеризираа со стриктна поврзаност за одредени објекти, ситуации, активности или функции на организмот, а секогаш се проследени со однесување за избегнување на застрашувачки стимулуси. Лицата кои доживуваат фобичен страв, свесни се за неговата нереалност и нелогичност и не се во состојба да најдат соодветно објаснување за неговата појава.

АГОРАФОБИЈА

Овој термин означува стравови од отворени простори, но и од присутност на метеж и потешкотии за брзо и лесно бегство на сигурно место (најчесто домот). Овој поим вклучува не само стравови од отворени простори, туку и со нив поврзаните аспекти како што се присутност на метеж и потешкотии за брзо и лесно бегство на сигурно место. Терминот се однесува на меѓусебно поврзана и често притаена група на фобии кои опфаќаат страв од напуштање на домот: страв од влез во продавница, метеж на јавни места или патувања со воз, авион или автобус (ако лицето е само).

Агорафобијата чини 60% од сите фобии откриени со клинички прегледи. почеста е кај жените, а започнува во адолесценцијата или раната возрасна доба.

Ова е фобија која најмногу онеспособува и некои лица остануваа комплетно врзани за домот. Голем број лица ги плаши и помислата дека ќе колабираат и дека ќе останат без помош на јавно место. Непостоењето на непосредно достапен излез е една од клучните карактеристики на многу агорафобични ситуации.

Агорафобијата во 30-40% од случаевите е придружена со панично пореметување, и во оваа комбинација два пати почесто се јавува кај жените, а почетокот обично е во рана возрасна доб.

Дијагностичките насоки ги земаат предвид овие критериуми:

  • Психолошките или вегетативните симптоми мораат да бидат примарна манифестација на анксиозност, а не секундарна во однос на други симптомите, како што се опсесивни мисли или лудило.
  • Анксиозноста мора да биде ограничена на најмалку две од следниве ситуации (или главно во нив да се јавува): маса луѓе, јавни места, патување од дома или патување без придружба
  • Избегнувањето фобични ситуации мора да биде (или било), изразено важна карактеристика

Кога лицето се наоѓа надвор од својот дом, доживува замав на многу интензивен страв, се до паника, проследена со чувство на голема слабост, страв од губење на контрола, смрт или лудило со бројни непријатни телесни доживувања. Во најтешките случаи, агорафобичниот страв толку го осиромашува лицето, што го врзува за кревет, единственото место каде се чувствува безбедно. Избегнувањето е најкарактеристичната форма на однесување, а може да оди до таква крајност да лицето повеќе и не доживува страв оти избегнува се што може до него да го доведе.

Современата терапија на пациентот со агорафобија денес главно се сведува на фармакотерапија и бихевиорална терапија која е исклучително ефикасна во фазата на ресоцијализација на лицето.