Кои се знаците кои алармираат на хроничен гастритис

Хроничниот гастритис претставува воспаление на желудочната слузница. Ова заболување често е локализирано и неправилно распоредено долж желудочната слузокожа.

ВИДОВИ

Хроничниот гастритис тип А и Б се две основни форми на хроничен гастритис кој се карактеризира локализиран воспалителен процес во желудникот.

Хроничниот гастритис тип А е поретка форма на заболувањето, а се карактеризира со локализација на инфламаторниот процес во телото и фундусот на желудникот, додека поретко е зафатен антрумот (лев проширен дел од желудникот).

Хроничниот гастритис тип Б е многу почеста форма на хроничниот гастритис. Кај млади лица, гастритисот тип Б првенствено е локализиран во антрумот, додека кај повозрасните лица зафатен е цел желудник. Зачестеноста на хроничниот гастритис тип Б се зголемува со возраста, па 70% од пациентите над 50 години или 100% од пациентите над 70 години ја имаат оваа форма на воспаление на желудочната слузница.

КОИ СЕ ГЛАВНИ СИМПТОМИ НА ХРОНИЧЕН ГАСТРИТИС?

  • Губење на апетит, изненаден почеток на тегоби и одвратност кон храна
  • Пациентите се жалат на непријатен вкус во устата
  • Тегоби во горниот дел од стомакот
  • Болка во вид на тиштење, жарење, штипење во желудникот, што се засилува при внесувае на храна
  • Подригнувањето е почесто
  • Непријатен здив
  • Повраќањето често носи краткотрајно олеснување

ДИЈАГНОЗА

Основен начин со помош на кој се идентифиува и класифицира гастритот е биопсија на желудочната мукоза.

ЛЕКУВАЊЕ

Лекувањето на хроничен гастритис тип А или Б, со или без атрофија на желудочната слузокожа е  неспецифично, освен кај пернициозна анемија каде се дава целна терапија.

Лековите што ја неутрализираат желудочната киселина (антациди) или лекови кои го намалуваат лачењето на желудочна киселина, ќе ги отстранат симптомите и ќе го подобрат текот на болеста.