Нарушувањата на срцевиот ритам (аритмии) може да се поделат според фреквенцијата на брадиаритмии (<60/мин) и тахиаритмии (>100/мин), а според местото на појава на суправентрикуларни аритмии (настануват во преткоморите) и на вентрикуларни аритмии (настануваат во срцевите комори).
- Суправентрикуларни аритмии
Суправентрикуларни екстрасистоли – прерани контракции на преткомората. Ретко предизвикуваат тегови и може да се јават кај комплетно здрави лица.
Суправентрикуларна тахикардија – повеќето ги чинат “кружни“ тахикардии, со фреквенција од 150-250/мин, кои се предизивкани од постоење на дополнителен електричен јазол во срцето. Постоењето на нормален проводен систем и дополнителен сноп, овозможува “кружење“ на аритмијата во срцето. При акутен напад на аритмија, се прекинува со лекови, а може да се излекува со електрофизиолошко испитување и аблација на дополнителнот “сноп“ (јазол).
Атријална фибрилација – најчеста постојана аритмија кај општата популација. Ризикот од развој на атријална фибрилација расте со возраста. Се појавува поради брзи (>300/мин) и неправилни електрични импулси во преткоморите. Наведеното, го зголемува ризикот од појава на згрутчувања во преткоморите во атриите. Освен специфично лекување на аритмијата, потребно е и лекување со лекови “против згрутчувања“.
- Вентрикуларни аритмии
Вентрикуларни екстрасистоли – прерани контракции на коморите. Се јавуваат кај комплетно здрави лица и кајболнисо структурна болест на срцето. Често предизвкуваат симптоми на прескокнување на срцето, а лекувањето зависи од причината и бројот на самите екстрасистоли во 24 часа.
Вентрикуларна тахикардија – сериозна аритмнија која може да го загрози животот на болниот. По дефиниција се работи за повеќе од три вентркуларни екстрасистоли во низа. Почесто се јавува кај болни со срцеви болести (опоравени од инфаркт или слабост на срцевиот мускул), но може да се јави и кај здрави луѓе. По правило, предизвикуваат симптоми како прескокнување на срцето, болка во градниот кош, губење на свест. Лекувањето вклучува електрокардиоверзија или итна дефибрилација, антиаритмика, вградување на кардиовертер дефибрилатор и радиофреквентна аблација. Кај лица без болести на срцето има добра прогноза и висок степен на излекување.
Вентрикуларна фибрилација – аритмијата се појавува поради брзи и неправилни електрични импулси од комората кои доведуваат до губење на контракциите на комората и срцев арест. Терапијата е итна реанимација и дефибрилација, а потоа, лекување на причината и кај одредени групи на болни, вградување на кардиовертер дефибрилатор.