Најочигледниот знак за бременост е пропуштениот менструален циклус. Но, и пред тој да се случи постојат и други таканаречени рани знаци на бременост кои можат да укажат дека навистина дошло до оплодување на јајце клетката. Ова се некои од нив:
Отечени гради, кои болат – хормонските промени кои се случуваат во бременоста можат да направат градите да отечат, да бидат екстра чувствителни и да болат. Ваквата нелагодност вообичаено исчезнува по неколку недели откако телото ќе се прилагоди на хормоналните промени.
Мачнина со или без повраќање – ваквата мачнина најчесто се јавува наутро, но не е исклучена можноста за да се јави во билокој дел од денот. Мачнината вообичаено се случува два месеци по забременувањето, но некои жени можат да ја почувствуваат и порано, а на некои воопшто не им се лоши.
Засилено мокрење – бремените жени имаат потреба почесто да мократ. Се претпоставува дека тоа е така затоа што количината на крв во телото се зголемува за време на бременоста и прави бубрезите да процесираат и елиминираат екстра течност.
Умор и изнемоштеност – многу често во првите три месеци од бременоста жените сe чувствуваат изморено и се многу попоспани во тек на денот. Се смета дека наглиот пораст во хормонот прогестерон допринесува за создавање на чувството на измореност.
Промени во расположението – наглиот пораст на нивото на хормоните во раната бременост може да доведе до брзи промени во расположението и тоа најчесто во форма на зголемена емотивност и плачливост.
Подуеност – хормоналните промени во раната бременост можат да создадат и чувство на подуеност кое е многу слично на она кое с еслучува пред менструалниот циклус.
Благо крварење – ваквото благо крварење кај некои жени може да биде и првиот знак кој укажува на бременост. Тоа се случува во моментот кога оплодената јајце клетка се прикачува за утерусот, односно 10 до 14 дена по оплодувањето. Ова време се поклопува со времето кога би се случил менструалниот циклус, но не се појавува кај сите жени.
Грчеви – некои жени за време на раната бременост чувствуваат благо изразени грчеви на матката.
Констипација – хормоналните промени кои се неизбежен дел од бременоста можат да доведат до забавување во работата на дигестивниот систем и да предизвикаат и констипација.
Одбивност кон некоја храна – за време на бременоста некои жени почнуваат да чувствуваат одбивност кон некои видови на храна, пијалок или мириси.
Затнат нос – зголемувањето во нивото на хормоните и количеството на крв може да доведе до отекување на назалните мембрани, нивно сушење и крварење, и да предизвика затнатост или течење на носот.
Но, потврда на бременоста не може да се направи само врз основ на симптомите затоа што овие симптоми можат да се појават и при некои други состојби, или можно е жената да е бремена, а да нема симптоми.
Затоа препораките за откривање на раната бременост се по пропуштениот менструален циклус, да се направи тест за бременост во домашни услови, или доколку постои сериозен сомнеж да се отиде на лекар. Посета на лекар се препорачува и доколку резултатот на тестот за рано откривање на бременоста е позитивен.
Потврдата на бременост аво докторската ординација дава можност за навремено започнување на пренаталната грижа, и започнување со употреба на потребните пренатални витамини и минерали. Употребата на проверени и квалитетни додатоци во исхраната им се препорачува и на сите оние кои планирааат бременост.