Анксиозноста се дефинира како чувство на нелагодност, општа напнатост, загриженост, голем стрес, паника, страв и ирационално лошо претчувство. Се јавува кога претерано се грижиме, односно кога сме изложени на некоја стресна (реална или измислена) ситуација.
Во прашање е емоционална состојба која се карактеризира со чувство на нелагодност, немир и тензија, како и антиципација на можни опасности со пратечки физиолошки промени. Просечни нивоа на анксиозност се јавуваат кај повеќето луѓе, но нив, лицето може да ги контролира и со нив да управува.
Но, проблемот се јавува кога лицето доживува високи, хронични нивоа на анксиозност кои воедно ги намалуваат способностите за планирање, успешно проценување и разбирање на корисни информации. Таквите нивоа на наксиозност може значајно да го пралаизриаат мислењето и акцијата на поединецот, а тоа значи да лицето не може да ја контролира анксиозноста, туку анксиозноста го контролира него.
ЗАЧЕСТЕНОСТ
Ако постојаната анксиозност веќе почнала да влијае на вашето извршување на секојдневните обврски, време е да побарате стручна помош. Се смета дека најмалку 10% од општата популација страда од некоја форма на анксиозност.
Истражување спроведено на Универзитетот Кембриџ ги презентира следниве резултати. Жените кои живеат во сиромашни населби, имаат 60% поголем ризик од развој на анксиозно нарушување, од жените кои живеат во побогати делови од градот.
Мажите, анксиозни нарушувања развиваат еднакво, на било кое место, односно независно од местото на живеење. Лицата кои страдаат од анксиозност често размислуваат негативно, а страдале и од немор, несоница и разразливост.
Еден од факторите зошто жените развиваат анксиозно растројство во зависност од местото на живеење е тоа што жените поминуваат значително повеќе време во областа каде живеат. Ако жените поминуваат повеќе време во домот или во близина, а притоа живеат во сиромашен кварт, поголема е веројатноста да бидат изложени на стрес и напор поврзан со оскудниот живот.
ПРИЧИНИ
Некои научници тврдат дека анксиозноста не е условена ниту биолошки, ниту генетски, но некои истражувања го покажуваат спротивното. Познато е дека анксиозноста може да биде дел од семејното генетско наследство и дека може да ја поттикне одредена траума.
Но, поради тоа што секој повремено е вознемирен, многумина, анксиозноста не ја сметаат за медицински, биолошки, хемиски или генетски проблем. Анксиозноста како состојба на несигурност и страв, која произлегува од очекување на реално или измислено заканувачко случување, често штети на секојдневното физички и психичко функционирање.
Истовремено, анксиозноста може да влијае на структурални промени во нервните клетки и нивната функција и така да предизвика развој на други психички/менатлни нарушувања. Иако секој понекогаш е вознемирен, кога таквата загриженост почне сериозно да го нарушува нормалното функционирање, тогаш се работи за анксиозно пореметување.
СИМПТОМИ
Прекумерната вознемиреност физиолошки, психолошки и емоционално произведува анксиозност која го зафаќа целиот организам. Анксиозноста го доведува телото во состојба на стрес, а симптомите се делат на когнитивни, емоционални, бихевиорални и телесни.
Когнитивни симптоми на анксиозност се:
- загриженост,
- тешкотии во концентрацијата,
- потешкотии со помнењето,
- негативни очекувања,
- негативни мисли за себе и моменталната состојба,
- проблеми со меморијата,
- когнитивна конфузија,
- застрашувачки фантазии,
- нетолеранција на двосмислености.
Емоционални симптоми на анксиозност се:
- непријатност и немир,
- неизвесност и исчекување,
- страв, нервоза и напнатост,
- присуство на разни стравови,
- страв од губење контрола,
- деперсонализација,
- чувство на воздржаност,
- раздразливост.
Бихевиорални симптоми на анксиозност се:
- избегнување на ситуации и луѓе кои предизвикуваат вознемиреност,
- срамежливост, повлеченост и несигурност во социјалните контакти,
- слаба координација на движењата,
- екстремна активност или пасивност.