Што е улогата на амигдалата

Амигдалата е дел од мозокот, односно од лимбичкиот систем кој е вклучен во менаџирањето на емоциите, меморијата, и “бори се или бегај” одговорот.

Амигдалата е онаа која е задолжена за препознавање на надворешните стимулуси и дразби и испраќање на информации на хипокампусот за нивото на опасност кое ни се заканува од нешто.

Амигдалата е неопходна за нашето преживување затоа што таа прва не предупредува и подготвува за справување или бегање од опасноста.

Истотака амигдалата има улога и во вреднувањето на моментите и нивно претварање во мемории.

Но постојат и ситуации во кои доаѓа до претерано и неосновано стимулирање на амигдалата, што понатаму предизвикува несоодветна човечка реакција кон тригерот.

Во случај на појава на некој тригер, амигдалата му кажува на хипоталамусот да испрати информација до автономниот нервен систем, за веднаш да започне излачувањето на стрес хормоните и да се активира одбрамбената реакција на организмот.

Ова се случува толку брзо што стрес хормоните се излачени и пред визуелните центри во мозокот во потполност да ја имаат испроцесирано информацијата.

Амигдалата има неколку дела кои се задолжени за различни функции:

  • Базолатерален нуклеус – го регулира однесувањето и физиолошкиот одговор кон стресот
  • Централна амигдала – има улога во физиолошкиот одговор кон стресот и некои стимулуси предизвикани од хемиски супстанции (дроги)
  • Продолжена амигдала – има улога во анксиозноста и стресот

Амигдалата учествува и во модулирањето на социјалната когниција, како што е на пример препознавањето на емоциите во ликот на другите, просудување дали да се има доверба во некого итн.

Нарушувања во функционирањето на амигдалата влијаат врз емоционаното процесирање, формирање и складирање на сеќавањата, условно учење и е во врска со различни неуролошки и психијатсриски заболувања, а проблеми со амигдалата се забележани и кај лицата со пострауматично стресно нарушување, кај претерано агресивните лица, кај Алцхајмеровата болест, кај корисниците на дрога итн.