Суптилни симптоми кои укажуваат на висок холестерол

Холестеролот е восочна супстанција која нормално е присатна во крвта и е неопходна за создавањето на жолчката, некои хормони, и за одржувањето на нормална функција на организмот.  Но, кога во телото ќе се насобере во поголема количина тогаш почнува да станува опасен.

Високиот холестерол за жал денес не е ретка појава, но затоа што единствен начин за негово откривање е лабораториската контрола на крвта, многумина кои имаат ваков проблем всушност и не се свесни за неговото постоење.

Иако симптомите на хиперхолестеролемијата може да се многу суптилни важно е тие навремено да се препознаат и веднаш да се превземат мерки за третирање на состојбата.

Доколку ваквата состојба се игнорира и не се третира на време, високиот холестерол може да доведе до создавање на сериозни здравствени проблеми како што е артеросклерозата, хипертензијата и откажување на бубрезите, и на тој начин дури и да го загрози животот.

Токму поради ова, потребно е поголемо информирање за како да се препознаат симптомите на хиперхолестеролемијата и навреме да се побара помош.

Најчести симптоми кои укажуваат на проблеми со холестеролот се следниве:

1.Халитоза – непријатен мирис на здивот

Халитоза или непријатен мирис на здивот е состојба со која се соочуваат многу лица, но не секој знае дека лошиот здив може да сигнализира проблеми со холестеролот.

Покачениот холестеролот има способност да го наруши варењето на храната, и на тој начин да предизвика лош здив.  Освен лош здив луѓето со висок холестерол честопати може да имаат и сува уста.

3.Подуеност

Отежнатото варење на храната, освен што може да предизвика непријатен мирис на здивот, може да предизвика и подуеност во стомакот и цревата.

Подуеноста и формирањето на гасови се поизразени кога храната што се јаде содржи повеќе масти.

4.Отекување и трнење на екстремитетите

Отекувањето и трнењето на екстремитетите често е резултат на насобрање на маснотии во крвните садови, пришто се нарушува нормалната циркулација.

Намалениот дотокот на кислород и хранливи материи до клетките во екстремитетите, особено во мускулите предизвикува отоци и сензации на трнеење.

5. Почести вртогавици

Нарушувањето во циркулацијата кое е предизвикано од високиот холестерол, т.е од негово наталожување на внатрешните ѕидови од крвните садови не е ограничено само на екстремитетите, туку може да се случи и во вратот и главата.

Во ваков случај недоволното снабдување на мозокот со кислород и нутритиенти може да е причина за појава на вртоглавици, кои честопати може да бидат пратени и со главоболки, како и со проблеми со одржувањето на рамнотежа.

6.Проблеми со видот

Кај пациентите со висок ЛДЛ или тн лош холестерол, можено е да се јават и проблеми со видот, најчесто во форма на заматување во видното поле или појавана рамни жолти петна во очите.

Nature Essential Артичока е додаток во исхраната кој содржи екстракт од артичока (Cynara scolymus) растение кое има способност да го регулира нивото на холестерол.

Листовите на артичоката се богати со витамини, минерали, антиоксидансни соединенија, полифеноли, а меѓу нив особено е важни се цинаринот и лутеолинот.

Лутеолин е силен антиоксиданс, кој има способност и да го намали создавањето на холестерол во телото, а цинаринот ја зголемува неговата елиминација преку жолчката.

Nature Essential Артичока е достапна во аптекитe на:  Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на DM и Cosmo – Тинекс!

Nature Essential Артичока може да се нарача и онлајн на: Артичока – Алфалаб (alfalab.mk)

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 , секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот , доставата ќе биде извршена во најкус можен рок со брза пошта, на посакуваната адреса.