Во технолошки напредното време во кое живееме, сакале или не, најголем дел од времето нашите очи се изложени на сината светлина која ја емитуваат електронските екрани.
Без оглед дали причината за минување на подолго време пред екраните на компјутерите, лаптопите, таблетите, смартфоните е задоволство или работа, очите повеќе или помалку секојдневно се изложени на штетното зрачење, емитувано од овие уреди.
Сината светлина може со тек на време да предизвика сувост на очите, иритирачко чувство, но и ред други затскриени проблеми.
За жал кај некои лица кои минуваат подолго време пред екраните забележани се и оштетувања на ретината, како и други нарушувања во очниот апарат и вид, затоа што токму сината светлина е најштетна од светлината од видливиот дел на спектарот.
Сината светлина всушност има моќ да доспее длабоко во окото и да ги оштети фоторецепторите, со што долгорочно може да го загрози здравјето на очите.
За среќа постојат и некои заштитни мерки кои можат да осигураат подолго здраво функционирање на очите, така што ќе го заштитат очниот апарат од штетното дејство на сините светлосни зраци.
Очилата кои имаат заштитни филтри и се користат за работа пред екран можат да помогнат, но затоа што очите можат да бидат изложени на овие штетни зраци и од страна на вештачкото осветлување, па дури и сонце, ваквите очила не даваат потполна заштита.
Истражувањата имаат покажано дека за зачувување на видот и за заштита на очите, големо значење има внесот на специфични антиоксиданси како што се лутеинот и зеаксантинот.
Овие состојки се толку моќни што со повеќе студии било докажано дека протективно делуваат и во случај на старечката макуларна дегенерација.
Една од најпознатите спроведени студии била и тн Blue Mountains Eye Study со која се покажало дека луѓето кои со исхраната внесувале повеќе зеаксантин и лутеин имале помала појава на страечка макуларна дегенерација.
Студијата била спроведена во регионот на Сините Планини во Австралија и од таму го добила и своето име, а во неа биле клучени повеќе од две илјади лица на возраст на и над педесет години.
Ваквите и слични резултати дале надеж дека доколку исхраната се збогати со доволна количинана лутеин и зеаксантин, тоа би делувало заштитно врз очите и би довело до подолго зачувување на добар вид дури и кај повозрасната популација.
Студиите покажале и дека оптимална количина за поддршка на очите би бил внес на 10 мг лутеин и 2 мг зеаксантин дневно, што би одговарало на околу 3 чаши свеж спанаќ дневно или употреба на додаток во исхраната со точно измерена количина од овие антиоксиданси.
Освен дополнување на исхраната со квалитетни суплементи, за заштита на очите се препорачуваат и редовни паузи за сите оние кои долго време минуваат пред екран, кога погледот би се пренасочил во некој оддалечен објект и би се гледало во него најмалку дваесетина секунди.
Dr.Viton Ovidox е додаток во исхраната наменет за одржување на нормален вид. Содржи екстракт од боровинка, лутеин, зеаксантин, рибино масло со точно одредена содржина на ЕПА и ДХА, цинк, бакар, како и витамин Е.
ДХА и цинк придонесуваат за одржување на нормален вид.
Боровинката:
- Ја подобрува циркулацијата во очите
- Ја подржува визуелната јаснина
- Ја подржува функцијата на ретината
- Природна заштита од слободните радикали
Цинкот, бакарот и витаминот Е придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Dr.Viton Ovidox може да се нарача веднаш на следниов линк….