Модерниот начин на живот, неминовно наметна луѓето да минуваат многу повеќе време пред екраните од различен тип, кои емитувајќи штетна сина светлина, може да предизвикаат проблеми со очите.
Кога ќе се сумира времето минато пред екран (компјутер, лаптоп, таблет, мобилен или телевизор) на дневно ниво, се смета дека оние чие работно место не ги врзува со работа пред екран, минуваат најмалку пет часа пред екрани, додека за оние другите бројот на овие часови е многу поголем.
Најчест проблем кој може да се јави како резултат на минување на подого време пред екраните е тензијата и сувоста во очите, и овој проблем денес е толку чест, што добил и име компјутерски визуелен синдром (КВС).
Терминот е релативно нов, но се наметнал како резултат на се поголемиот број на лица кои развиле вакви проблеми.
Значителен пораст во КВС бил забележан особено по пандемијата со Ковид поради која огромен број на возрасни лица, но и на деца биле приморани своите работни обврски да ги извршуваат од дома, минувајќи се подолги часови пред екраните.
Кои се симптомите на комјутерскиот визуелен синдром?
Најчести симптоми на КВС се:
- Црвени насолзени очи
- Чувство на боцкање или жарење во очите
- Пречувствителност на светлина
- Заматен вид
- Чувство на присуство на туѓо тело во очите
Овие симптоми се преклопуваат со симптомите на еден друг синдром, наречен синдром на суво око кој се јавува поради поретко трепкање при долготрајна работа пред комјутерски екран.
Дали постои начин за превенирање на овој синдром?
За превенирање на овој синдром се препорачува правење на почести паузи, со цел да се намали времето минато пред екран.
Многу често се препорачува и таканареченото 20-20-20 правило, односно препораката е на секои 20 минути да се направи дваесет минутна пауза, да се тргне погледот од екранот и да се гледа во нешто кое се наоѓа 20 фита односно 6 метра подалеку од нас.
Следно што се препорачува за заштита на очите да се завземе позиција прикоја екранот е најмалку 50 до 70 см оддалечен од очите, и истовремено центарот на екранот да биде 10 до 12 см под нивото на очите.
Една од препораките е да се намали рефлексијата која може да ја има на екранот, преку подесување на амбиентот или со употреба на специјален антирефлективен филтер.
Затоа што сувиот воздух во работната просторија дополнително може да ги иритира очите, употребата на навлажнувач на воздухот или на навлажнувачки капки за очи истотака би можела да помогне во намалување на непријатните симптомите на очите кои се преизложени на сина светлина.
Особено интересен е податокот дека кога гледаме во екран нашето нормално трепкање може да се намали и до 30%.
Тоа не е добро бидејќи трепкањето е нормален процес за заштита на очите и нивно покривање со солзен филм.
Затоа што трепкањето помага во хидрирање на очите и ги заштитува од оштетување, при работа на компјутер се советува и почесто трепкање особено во случаи кога се појавува чешање или непријатна сензација во очите.
Употребата на специјалн формулирани додатоци во исхраната за одржување на нормален вид, кои содржат антиоксиданси, каротеноиди и полифеноли истотака се покажала полезна за заштита на очите.
И последна, но не помалку важна препорака е и препораката за носењето на комјутерски очила кои пружаат заштита од штетните зраци на сината светлина, и истата им се препорачува на сите оние кои минуваат долги часови пред екран.
Dr.Viton Ovidox е додаток во исхраната наменет за одржување на нормален вид. Содржи екстракт од боровинка, лутеин, зеаксантин, рибино масло со точно одредена содржина на ЕПА и ДХА, цинк, бакар, како и витамин Е.
Dr.Viton Ovidox….