Болестите на срце и на крвни садови или кардиоваскуларните болести се најчеста причина за смртност кај нас, а меѓу нив, на прво место е исхемичната срцева болест. Покрај исхемичната срцева болест, меѓу 10. водечки причини за смртност се и цереброваскуларните болести и затајување на срцето. Некои од најважните ризик фактори за развој на срцеви заболувања се пушењето, покачени маснотии во крвта, хипертензија, дијабетес и недоволна физичка активност.
Исхемичната срцева болест се дели на ангина пекторис, нестабилна ангина и миокарден инфаркт.
Најчеста причина за смрт кај општата популација, а со тоа и меѓу срцевите заболувања е исхемичната срцева болест. Тоа е состојба која се карактеризира со намален проток на крв низ срцевите крвни садови, најчесто поради атеросклероза, што доведува до намалено снабдување со срцето со кислород и хранливи материи и оштетување на срцевиот мускул, а со тоа и на работата на срцето. Во зависност од симптомите и прогнозата, исхемичната срцева болест се дели на ангина пекторис, нестабилна ангина и миокарден инфаркт.
РИЗИК ФАКТОРИ
Меѓу ризик факторите за кои е утврдено поврзаност со поголема зачстеност од развој на срцеви заболувања, се вбројуваат: машки пол, возраст над 45 години, присутност на срцеви болести во семејството, пушење, шеќерна болест, покачен крвен притисок, маснотии во крвта, дебелина и намалена физичка активност. Меѓу нив, полот, возраста и семејната анамнеза се вбројуваат во непроменливи ризик фактори, а на останатите може превентивно да делуваме.
ПРЕВЕНЦИЈА
Под поимот превенција на болести на срцето се подразбираат сите постапки што ги преземаме за да спречиме појава на болеста. Пушењето, високиот крвен притисок и нарушувања со маснотиите се вбројуваат меѓу најважните ризик фактори за развој на болести на срцето врз кои можеме да влијаеме. Затоа, престанок на пушење, контрола на високиот крвен притисок и нарушувањата на мастите се важни чекори за заштита од срцеви заболувања.

РИЗИК ФАКТОРИ