Ларингитот е воспаление на ларингсот (гркланот, гласните жици), обично се јавува во состав на воспалителните процеси на дишните патишта, а поретко изолирано.
ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА
Акутниот ларингитис може да биде дел од генерализирана инфекција на дишните патишта или локализирана промена на слузокожата на гркланот. Почест е во зима и во рана пролет. Покрај ова, траума, хемиски токсини и иритации доведуваат до ларингитис. Хроничниот ларингитис се појавува поради неправилно користење на гласот, нарушувања на нормалната функција на горните дишни патишта, инфекција на забо, синуси и крајници, злоупотреба на алкохол и цигари, прашина и дим, загадување на воздухот климатски фактори и ревматизам.
КЛИНИЧКА СЛИКА
- Акутен ларингитис
Симптомите се засипнатост, притисок во грлото, лесна болка, кашлица, поретко отежнато дишење, замор и покачена температура. Со преглед се утврдува симетрично црвенило на гласните жици со леплив секрет помеѓу нив. Воспалението може да се смири по неколку дена, додека засипнатоста може да трае и подолго од две до три недели.
- Хроничен ларингитис
Повремена заспинатост, ретко афонија (губење на гласот), кашлица, ‘рчење, како и сувост на гласот се главните пречки кои се јавуваат. Гласот е рапав и заморлив при подолг напор. Споменатите пречки траат различно, со нееднаков интензитет се и се повторуваат периодично под дејство на етиолошки фактори. Обично нема болка и пациентот се привикнува на засипнатоста.
АКУТЕН ЛАРИНГИТИС КАЈ ДЕЦА
Кај децата ова е многу сериозна болест, приичините се поголема склоност на слузокожата за воспаление поради побогат лимфоток и помала е способноста за искашлување и поголема е склоноста за спазами. Кашлица, отежнато дишење и засипнатост се карактеристични симптоми, а поретко се појавува и цијаноза и стридор (свирење).
Постојат и ларингитиси до потешка форма, кои претставуваат улцеративни форми или форми со значајни едеми.
Едем на ларингсот е патолошка состојба предизвикана од инфекција или е со алергиско потекло – сврзното ткиво на одредени зони на ларингсот кога ќе се натопи со течност (серум и клетки), се шири. Најчест меѓу едемите е едемот на епиглотисот (капакот на гркланот) кој го отежнува голтањето и кој во најтежок случај го отежнува дишењето. Останатите едеми може да ги зафатат гласните жици, особено нивната долна површина, предизвикувајќи отежнато дишење или диспнеја, која понекогаш може да доведе до голема опасност од асфиксија (задушување).
Апсцесите и флегмоните можат да го зафатат гркланот, предизвикувајќи многу силни болки во грлото (пренесени и проширени од увото) и го отежнуваат голтањето и дишењето. Проследени се со висока температура и реакции на целиот организам.
ЛЕКУВАЊЕ
Мирување, одморање на гласот и топли инхалации. Природните ензими за намалување отоци може да го смират воспалението и отокот на гласните жици. При хронична форма, понекогаш е потребно да се отстрани вишокот ткиво на слузокожата со ларингомикроскопија. Постојат две цели на тој третман: да се отстрани лезијата и да се провери неговата бенигност, како и да се врати гласот во нормала.
