ХДЛ (ДОБАР) ХОЛЕСТЕРОЛ
ХДЛ холестеролот се честички со висока густина и неговото високо ниво е добро, бидејќи тој е заштитнички холестерол. Пожелно е ХДЛ да биде што е можно повисок, бидејќи неговото ниво е погодно за целокупното здравје на кардиоваскуларниот систем. ХДЛ честичките делуваат како чистачи, се врзуваат за себе и го пренесуваат вишокот холестерол од разни ткива и крвни садови во црниот дроб за понатамошно метаболирање.
ТРИГЛИЦЕРИДИ
Триглицеридите се вид на липиди, т.е масти складирани во масните клетки на телото, соединенија на алкохол глицерол и масни киселини. Во организмот ги внесуваме и преку храна, тие се главната состојка на животинските и растителните масти и масла. Обично, високото ниво на триглицериди во организмот е придружено со високо ниво на ЛДЛ холестерол и ниско ниво на ХДЛ или добар холестерол, иако тоа не мора да биде правило. Зголеменото ниво на триглицериди е ризик за атеросклероза, но не во иста мера како опасното ниво на холестерол. Често, кај исто лице се евидентира и покачен холестерол и покачени триглицериди во крвта.
ВКУПЕН ХОЛЕСТЕРОЛ
Вредноста на вкупниот холестерол всушност не кажува многу за можниот ризик од развој на болести, туку треба да се гледа односот на вкупниот и ХДЛ холестеролот. Ова значи дека ако ХДЛ холестеролот е висок, тогаш и вкупниот холестерол ќе биде повисок, но ако, на пример, вкупниот холестерол е 8, а ХДЛ е само 1, тогаш односот е 8: 1 = 8, што е лошо. Добро е ако односот на вкупниот холестерол и ХДЛ е помал од 6, а ако вкупниот холестерол е уште понизок, толку подобро. Така, на пример, ако вкупниот холестерол е 8, а ХДЛ е 2, односот е 8: 2, значи 4, што е многу добро.
ПРЕПОРАЧАНИ ВРЕДНОСТИ
| Вкупен холестерол
| < 5 mmol/L
|
| ЛДЛ холестерол
| < 3 mmol/L
|
| Триглицериди
| < 1.7 mmol/L
|
| ХДЛ холестерол
| >1 mmolL за мажи >1.2 mmol/L за жени
|
Генерално, золемените маснотии во крвта, најчесто се нарекуваат хиперлипидемија или дислипидемија, но во крвта не мора да бидат покачени сите видови на маснотии истовремено. Доколку е зголемен само ЛДЛ холестеролот се зборува за хиперхолестеролемија (зголемена концентрација на холестерол во организмот), а кај покачените триглицериди се зборува за хипертриглицеридемија.
Кај лицата кои доживеале срцев или мозочен удар се присутни дополнителни ризик фактори и рефернтните вредности стануваат уште построги. Во зависност од тоа кои маснотии во крвта се зголемени, се одредува и пристапот во лекувањето.
