Неалкохолен и алкохолен замастен црн дроб – во што е разликата

Сè поголем број луѓе, по ултразвучен преглед на стомакот, се изненадени од коментарот на лекарот дека имаат замастен црн дроб, прашувајќи се како дошло до тоа. Одговорот е доста прозаичен и зависи од видот на замастен црн дроб, кои ги има два: алкохолен и неалкохолен замастен црн дроб.

Кај првиот тип на црн дроб, работата е јасна – редовното или прекумерно консумирање алкохол доведува до акумулација на маснотии во црниот дроб. Ова предизвикува воспаление, што создава лузни и на крајот доведува до алкохолен замастен црн дроб.

Колкава е количината на алкохол што негативно влијае на црниот дроб?

  • За жени, тоа е консумирање на повеќе од еден пијалак на ден, поточно повеќе од 350мл пиво или 145мл вино, или една мала чаша жесток пијалак. За мажите, тоа е над две, од погоре споменатите мерки.

Најдобар начин да се избегне алкохолно заболување на црниот дроб е воопшто да не се пие алкохол.

Неалкохолна болест на црниот дроб се карактеризира како „приказна за маснотиите и шеќерот“.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување, во исхраната имале многу повеќе шеќер и животински масти и значително помалку растителни влакна, антиоксиданти и масти од растително потекло.

За да избегнете неалкохолен замастен црн дроб, најдобро е да избегнувате мрсна храна, индустриски преработена храна што содржи растителни масти со лош квалитет, храна со висок гликемиски индекс, слатки и газирани пијалаци.

Доколку не се преземат соодветни промени во животниот стил, двата вида на замастен црн дроб може да предизвикаат оштетување што доведува до цироза и откажување на црниот дроб.