Со храна против акните

Исхраната значително влијае врз здравјето на луѓето.  Докажано е дека промената на исхраната  може позитивно да делува како во превенција така и при третман на најразлични заболувања.

Во случајот со акните, докажано е дека гастроинтестиналното здравје има голема улога.  Храната која позитивно делува на одржување на здрав микробиом и црева, позитивно делува и на акните.

Воспалителните процеси на кожата многу често укажуваат на присуство и на други воспалителни процеси во телото, а особено во цревата.

Секојдневното внесување на пребиотици и пробиотици со храната или дополнително во форма на додатоци во исхраната се покажало многу пожелно кај луѓето кои имаат проблем со акните.

Здравата храна, особено зеленчуците од семејството на круциферни растенија како што се брокулата, карфиолот, прокељот, келерабата итн, имаат позитивно дејство врз здравјето на цревата, но и врз појавата на акни.

Храната богата со растителни влакана, не само што допринесува за одржување на добра перисталтика, туку успева да го врзе и елиминира од телото и вишокот на хормони кои допринесуваат за развој на акни.

Храната како што е на пример сојата, во својот состав содржи фитоестрогени, кои теоретски би можеле да го намалат создавањето на акни, но ваквата врска сеуште не е испитана.

Од друга страна, докажано е дека храната богата со Омега 3 масни киселини може да помогне за намалување на воспалителните процеси во телото вклучувајќи ја и кожата.

Нездравиот начин на исхрана доведува до нарушување на оптималниот баланс на Омега 6 и Омега 3 масни киселини во телото, што меѓудругото многу негативно се одразува и врз здравјето и изгледот на кожата.

За да се воспостави здравиот баланс меѓу овие два типа на масни киселини во телото, препораките се доколку не е возможно, на менито два до три пати неделно да се јаде мрсна риба како лосос, харинга, сардини итн, исхраната да се надополни со висококвалитетно рибино или крилово масло.

Јадењето на умерени количини на храна без прејадување е поврзано со помало создавање на себум, што истотака помага при проблемот со акните.

Зачините како куркума, цимет, ѓумбир, а и свежите зачински билки како босилок, оригано итн сите имаат противвоспалително, анитимикробно и имуностимулирачко дејство, што истотака може да помоге за намалување на проблемот со акните.

Зелениот чај често се препорачува, затоа што се покажало дека тој има способност да ги супримира ензимите и андрогените кои се вклучени во процесот на создавање на акни.  Дополнително зелениот чај е силен антиинфламатор и антиоксиданс од чие конзумирање позитивни здравствени ридобивки би имало и целото тело.

Виолетовиот и темно зелен зеленчук истотака е пожелно почесто да го има на чинијата.  Храната која содржи ресвератрол како грозјето, дудинките итн истотака делуваат позитивно.

Истото важи и за храната која е богата со селен и цинк, како дивечот, црвеното месо, семките и јатките итн.

Затоа што секој човек е посебна индивидуа, се препорачува секој за себе да се обиде да открие која храна му пречи, а која му помага.  За луѓето кои имаат акни, се препорачува и да почнат да си водат дневник на исхрана, со цел да им помогне полесно да ја адаптираат исхраната и така самите да си помогнат на себе.

Една од главните препораки, е да се исклучат одредени производи од исхраната и да се остане на тој режим најмалку еден месец, со цел да се види дали ќе дојде до подобрување.

Прво што би требало да се исклучи се шеќерот, млечните производи и пченицата, затоа што за овие продукти постојат најмногу докази кои