Циститис е термин кој се користи за опишување на постоење на инфекција на долниот дел од уринарниот систем, поточно на мочниот меур.
Грубо може да се подели на комплициран и некомплициран циститис.
Некомплицираниот циститис се јавува кај здрави лица, мажи или жени кои не се бремени. Комплицираниот цистистис се јавува како резултат на различни фактори кои претставуваат сериозна предиспозиција за развој на воспаление на мочниот меур, или кои претставуваат дури и опасност за неуспех на спроведената антибиотска терапија.
Како и за сите пробелеми со здравјето, така и за циститисот , многу подобро е тој да се спречи отколку да се лекува.
Превенцијата на честото појавување на уринарните инфекции, се прави со практикување на следниве препораки:
Зголемен внес на течности – се препорачува пиење на поголема количина на течност во тек на денот, особено вода.
Редовно пиење на џус или чај од брусница, или со употреба на додатоци во исхраната кои содржат проантоцијанидин.
Често мокрење – се препорачува да се користи тоалетот при секој нагон на мокрење, и да не се практикува да се задржува урината.
Бришење од напред кон наназад – ваквиот начин на употреба на тоалетна хартија го спречува преносот на бактерии од анусот кон вагината и уретрата.
Употреба на неиритирачки средстава за хигиена – да се избегнува употребата на агресивни и иритирачки сапуни и други средства за хигиена, за да се избегне иритација на на овој чувствителен дел од човековото тело.
Туш наместо када – употребата на туш наместо лежење во када, помага за да се избегне појавата на чести уринарни инфекции особено кај лицата кај кои тие често се појавуваат.
Мокрење по интимен однос – се препорачува колку што е можно побрзо мокрење по интимен однос, и пиење на поголема количина на течност која тоа би го направила возможно.
Избегнување на употреба на интимни спрејови – употребата на парфимирани и слични продукти наменети за употреба во пределот на гениталиите, го зголемува ризикот за појава на уринарни инфекции.
Затоа што компликациите од нелекуваната уринарна инфекција можат да се многу сериозни (инфекција на бубрези, хематурија итн) многу помудро е да се земат во предвид препорачаните мерки за нејзина превенција и истите редовно да се практикуваат.
