Хипертензија или покачен крвен притисок е состојба при која долотрајниот притисок кој крвта го прави врз артериските ѕидови е повисок од што е нормално.
Неконтролираната хипертензија со тек на времето ги оштетува крвните садови и е опасна затоа што може да предизвика и други сериозни здравствени проблеми, па дури и да го загрози животот.
Најчеста компликација од хипертензијата се следниве:
- Застој на срцето – за срцето да може да истисне крв наспроти повисокиот притисок во крвните садови, тоа мора да работи посилно. Тоа со тек на времето може да предизвика ѕидовите на срцевиот мускул да се задебелат и да доведат до застој во срцевата работа.
- Ослабени и стеснети крвни садови во бубрезите – високиот крвен притисок може негативно да влијае врз функцијата на бубрезите преку оштетувањето на нивните крвните садови кои се наоѓаат во нив.
- Пореметување на крвните садови во очите – високиот крвен притисок може да доведе и до проблеми со очите, па дури и до губење на видот.
- Метаболен синдром – комбинација на покачен притисок, висок холестерол и висок инсулин, се нарекува метаболен синдром, кој значително го намалува квалитетот на живот, а може да предизвика и понатамошни компликации.
- Проблеми со меморија и конгнитивна функција – хипертензијата влијае негативно и врз здравјето на мозокот и може да доведе до проблеми со помнењето и размислувањето.
- Деменција – високиот крвен притисок може да предизвика и посериозни проблеми со меморијата, односно васкуларна деменција. Оваа болест настанува затоа што стеснетите или блокирани артерии, не го снабдуваат мозокот со доволно крв.
- Срцев или мозочен удар. Високиот крвен притисок може да доведе до стврднување и задебелување на артериите (атеросклероза), што може понатаму да доведе до срцев удар, мозочен удар или други компликации.
- Анеуризма – зголемениот крвен притисок може да ги ослаби крвните садови, и тие да набабрат и формираат анеуризма, која ако пукне може да го загрози животот.
За да се избегнат вакви или слични компликации и да не дојде до загрозување на човечкиот живот, потребно е редовно да се контролира вредноста на крвниот притисок, и доколку има покачување да се реагира веднаш и да се превземат соодветни мерки.