Менструланите грчеви или дисменореја се проблем со кој се соочуваат повеќето жени.
Менструалните грчеви можат да бидат со различно времетраење и интезитет, и воглавно постојат два:
- Примарна дисменореја – се појавува кај младите жени во почетокот на менструалниот цикус, и болката станува помала со тек на годините или по раѓањето. Овие грчеви се предизвикани поради силни контракции на матката под дејство на хормоните простагландини.
- Секундарна дисменореја – се појавува кога грчевите се резултат на некоја друга здравствена состојба вклучувајќи ја и ендометриозата, фиброидните тумори и цисти на овариумот.
Човечкото тело нормално произведува простагландини, кои имаат ефект како хормони.
Вклучени се во различни функции во телото, вклучувајќи ја и регулацијата на мускулните контракции во утерусот.
Во почетокот на менструалниот циклус, нивото на простагландини е повисоко од вообичаено, и колку нивното ниво е поголемо толку посилна е менструалната болка.
Дополнително за болката може да придонесат и стресот и напнатоста.
На оние кои редовно трпат болки поради јавување на менструалните грчеви им се препорачуваат некои промени во животниот стил, но и употреба на некои препарати.
Во однос на промената на животниот стил се советува редовна физичка активност пред и после менструалниот циклус. Докажано е дека континуираната и редовна физичка активност може да помогне за редовни менструални циклуси, а редовноста е поврзана со помало крварење и помал интензитет на грчевите.
Позитивните промени во исхраната истотака би можеле да помогнат.
Се препорачува поголем внес на храна богата со:
- Калциум – како суви смокви, брокула, бадеми и конзервирани сардини
- Антиоксиданси – бобичесто овошје, кељ, домати, бабури, темна чоколада
- Протеин – немасни извори на протеин како тофу и риба од студените води.
Помалиот внес на брашно, шеќер, транс масти, кофеин и алкохол истотака може да помогне.
Во случај на многу силни грчеви се препорачува топла купка, или ставање на топлина на долниот дел од стомакот или од грбот за да се намали болката.
Важно е и да се пие доволно течности и да се одржува добра хидратација на телото.
Од лекови најчесто се препорачуваат нестероидни антиинфламаторни лекови, со цел да ја намалат болката. Лековите како ибупрофен, напроксен и парацетамол ја намалуваат болката, но притоа не делуваат врз нивото на простагландините.
Во случај на премногу силни болки, докторот може да препише и орални контрацептиви за да се избегне овулацијата, а со тоа и болката. Но, употребата на орални контрацептиви истотака има несакани дејства и може да доведе до абнормално крварење, покачување на телесната тежина и промени во расположението.
Истотака, од помош може да бидат и комплементарните терапии како масажа, акупунктура, јога и употребата на избрани додатоци во исхраната.