Четири најчести вида на депресија

Од медицинска гледна точка депресијата се дефинира како состојба која предизвикува постојано чувство на депримирано расположение или тага, и најчесто се појавува зедно со губење на интерес во работите кои во нормали услови би му носеле задоволство на лицето.

Депресијата влијае врз тоа како некој се чувствува, како размислува, и како се однесува, и токму поради тоа може негативно да влијае врз способноста за извршување и на секојдневните активности.

Постојат повеќе причини за појава на депресија, од кои некои не се ниту целосно разбрани.  Постојат и повеќе видови на депресија, но ова се најчестите пет:

  1. Клиничка депресија – оваа состојба се препознава преку следниве симптоми:

 

  • Депресивно расположение
  • Губење на интерес во активностите во кои нормално се уживало
  • Промени во телесната тежина
  • Промени во спиењето
  • Изнемоштеност
  • Чувство на безвредност и вина
  • Потешкотии со концентрацијата
  • Самоубиствени мисли и мисли за смрт

Доколку ваквите симптоми траат повеќе од две недели, тогаш најчесто станува збор за клиничка депресија.

  1. Континуирано депресивно нарушување – наречено и дистимија, претставува вид на хронична депресија во кое симптомите може да се појавувaат во поголем дел од деновите, и тоа во континуитет од две години. Ваквиот тип на депресија може да биде благ, умерен или силен.

Во случај на овој тип на депресија луѓето може да искусат и кратки моменти кога нема да се чувствуваат депримирано, но тие моменти временски вообичаено трајат помалку од два месеци.

Во споредба со клиничката депресија, симптомите не се толку силно изразени, но се упорни и долготрајни, и тоа се:

  • Чувство на тага
  • Загубен интерес и чувство на задоволство
  • Лутина и иритабилност
  • Чувство на вина
  • Ниска самодоверба
  • Потешкотии со заспивањето или останувањето буден
  • Претерано спиење
  • Чувство на безнадежност
  • Изнемоштеност и недостиг на енергија
  • Промени во апетитот
  • Потешкотии со концентрацијата
  1. Биполарно нарушување – овој тип се одликува со периоди на абнормално однесување наречено манија. Манијата може да биде благо изразена, но може да биде и многу сериозна до степен да влијаат врз перецепцијата на реалноста.  Кај овие лица се појавуваат и епизоди на клиничка депресија.

Во поглед на симптомите, освен што постои депресивно и незаинтересирано расположение, овде се јавуваат и ред физички и емотивни симптоми како што се:

  • Изнемоштеност, несоница, летаргија
  • Необјасниви болки и психомоторна вознемиреност
  • Безнадежност и ниска самодоверба
  • Иритабилност и анксиозност
  • Неодлучност и деорганизација
  1. Атипична депресија – е форма на депресија со атипична клиничка слика, се одликува со присуство на класични знаци на депресија како прејадување, предолго спиење, екстремна чувствителност кон отфрлање, но овие луѓе умеат да живнат и да се расположат пред некој позитивен настан.

Овој тип на депресија е многу чест, и се одликува и со:

  • Претерано јадење и дебелеење
  • Прекумерно спиење
  • Изнемоштеност и општа слабост
  • Презасилена реакција кон одбивање
  • Силно реактивни расположенија

Безоглед за кој вид на депресија станува збор, навремената дијагностика и интервенција може да го подобри квалитетот на животот.