Дали е возможно да си гојазен, а да не знаеш?

Најновата информација од Мајо Клиник од САД е дека и луѓето со нормална телесна тежина можат да бидат гојазни и поради тоа да имаат зголемен ризик од развој на некои заболувања.

Ова се случува кога процентот на масното ткиво е доволно висок за состојбата да се нарече гојазност при нормална телесна тежина.  Според дефиницијата всушност гојазноста се дефинира како состојба при која во телото има прекумерно масно ткиво без да се спомне телесната тежина.

За да провериш дали воопшто имаш нормална телесна тежина потребно е да го пресметаш својот (БМИ) индекс според соодветната формула за негово пресметување.

Но, недостатокот на оваа мерка кога се говори за ризикот од постоење на гојазност, е што индексот не го одредува и процентот на масното ткиво во телото туку се базира само на висината и тежината.

Во врска со постоењето на гојазност без покачена телесна тежина мислењата на научниците се поделени.  Но, според зборовите на Др.Катрин Зератски и овој тип на гојазност значително може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања како:

  • Срцева болест
  • Дијабетес
  • Пореметено ниво на масти ( високи триглицериди, но низок ХДЛ или добар холестерол)
  • Покачен крвен притисок
  • Метаболен синдром

За да се одреди процентот на масно ткиво во телото, според зборовите на оваа докторка постои начин, но за да се утврди ризикот од појава на хронични болест кои би биле последица на таквата затскриена гојазност, докторот би теребало да побара да се направат и дополнителни тестови.

Но, вистината е дека подобро е да се спречи отколку да се лечи, па затоа без оглед на телесната тежина, или процентот на масно ткиво во телото, секој би требало да се стреми кон живеење здрав живот, со редовна физичка активност, здрава храна и практикување на активности ки предизвикуваат чувство на задоволство и го намалуваат стресот.