Хипогонадизам и причини за неговата појава

Тестостеронот е машки полов хормон, кој почнува постепено да се намалува после триесетата година во животот.  Но, понекогаш проблемот со низок тестостерон може да се појави и во сите возрасни групи.

Состојбата на намален тестостерон во телото се нарекува хипогонадизам и таа се случува кога тестисите не создаваат доволна количина на тестостерон.

Хипогонадизмот кој почнува за време на феталниот развој, предизвикува нарушување во растот на надворешните полови органи.

Доколку хипогонадизам се појави за време на пубертетот тој може да предизвика проблеми со развојот на мускулите, со продалбочувањето на бојата на гласот, со зголемување на градите итн.

Во случај ниско ниво на тестостерон да се појави кај возрасните лица може да предизвика проблеми со нивото на енергија, со плодноста, со еректилната функција, со количеството на мускулна маса, намалено либидо, загуба на коскено ткиво, раст на градите, проблеми со меморијата, со расположението итн.

Постојат два основни вида на хипогонадизам, примарен и секундарен.  Примарниот хипогонадизам е резултат на недоволна активност на тестисите во поглед на создавање на тестостерон.  Причината за неговатат појава може да е наследна, но можно е и да е резултат на неоја болест или повреда.

Секундарниот хипогонадизам може да се појави како резултат на оштетување на питуитарната жлезда или хипоталамусот, затоа што тие ја регулираат продукцијата на хормони во тестисите или може да биде стекнат поради некои други околности како што се:

  • Стареењето – влијае врз создавањето и одговорот кон хормоните.
  • Гојазноста – високото количество на масно ткиво во телото може да влијае врз создавањето на хормоните и одговорот кон нивното дејство.
  • Лекови – опоидите и стероидите можат негативно да влијаат врз функцијата на питуитарната жлезда и хипоталамусот..
  • Болести – силниот емотивен или физички стрес предизвикан од болест или операција може да предизвика проблеми со функцијата на репродуктивниот систем.

Понекогаш хипогонадизмот може да е и мешан, и во таа форма обично се јавува кај повозрасните лица, може д ае предизвикан од алокохолизам, среста анемија, употреба на гликокортикостероидни лекови итн.

Првиот чекор кон третирање на оваа состојба е пристапувањето кон здравиот начин на исхрана и зголемувањето на физичката активност.  Но, доколку промените во животниот стил и употребата на додатоци во исхраната не дадат добар резултат, тога се преминува кон употреба на тестостерон заменска терапија.  Оваа терапија не е безазлена и може да предизвика и несакани ефекти и затоа секогаш треба да се спроведува во соработка со лекарот.