Гојазноста не е само козметички проблем, и поради проблемите кои таа може да ги предизвика врз здравјето на човекот често се третира и како медицински проблем и за неа се препишува соодветен третман.
Целта на третманот за гојазност е да се постигне здрава телесна тежина и да се остане здрав. За да има успех гојазната личност честопати е потребно да има и професионална помош од нутриционист, спортски тренер, психолошки совеник итн кои ќе и помогнат успешно да ги спроведе потребните промени во начинот на живот.
Сите програми кои се наменети за намалување на телесната тежина задолжитено вклучуваат и промена во начинот на исхраната како и зголемување на физичката активност.
Промени во исхраната – намалувањето на внесот на калории и практикувањето на поздрави навики во исхраната е првиот чекор кон намалувањето на покачената телесна тежина.
Постојат различни диететски пристапи кои се препорачуваат за намалување на покачената телесна тежина, најдобра диета не постои, затоа што секој индивидуално треба да си одбере што нему најмногу ќе му одговара за постигање на саканиот резулат.
Заедничко за сите овие диети е што е потребно да се намалат калориите кои секојдневно се внесуваат, и затоа во соработка со стручно лице се разгледуваат вобичаените диетески навики и потоа се прави нивна соодветна промена.
Најчесто на лицата кои сакаат да ја намалат својата телесна тежина им се советува дневно да внесуваат од 1,200 до 1,500 калории за жени, и од 1,500 до 1,800 калории за мажи.
Некои корисни совети се следниве:
- Храна која заситува – луѓето кои сакаат да ослабнат за да не чувствуваат постојана глад и зa да не сe прејадуваат, потребно е да избираат храна која и во мали количини заситува, или храна која во големи количини не содржи премногу калории. Добар избор се интегрални житарки, протеинска храна, овошје и зеленчук, а да се избегнуваат десерти и процесирана храна.
- Поздрав избор на храна – за поздрава храна се смета растителната храна, интегралните житарки, овошјето, зеленчукот и здравите масти. И се потенцира важноста на секојдневното внесување на протеин, во форма на легуминозни растенија и риба. За солта и шеќерот се советува да се намалат.
- Избегнување на нездравата храна – за сите диети против гојазност важи да се избегнува храна која е полна со јаглехидрати и високо количество на маснотии, и да не се пијат пијалоци кои содржат шеќер.
- Заменски оброци – некои од овие диети нудат и заменски оброци во форма на нискокалорични ужинки или оброци најчесто во форма на плочки.
- Зголемување на физичката активност – и покрај промената на исхраната неопходно е да се зголеми физичката активност со спортување или секојдневни прошетки.
- Промени во однесувањето и советување – се советува промена на животните навики кои допринесуваат за дебелеење, и откривање на тригерите кои водат до прејадување и друго штетно однесување.
- Лекови за намалување на телесната тежина – се препишуваат ако сите погоре наведени препораки не дале резултат, и претставуваат дополнување на тој режим.
- Медицински интервенции – овакви интервенции се превземаат кога ништо друго не дало резултат, и се во форма на ендоскопски и оперативни интервенции за намалување на желудникот.