Има ли помош за синдромот на хроничен замор?

Синдромот на хроничен замор не може да се дијагностицира со помош на специфичен тест, зошто таков тест не постои, но затоа можно е да се дјагностицира или исклучи постоењето на ред други болести кои предизвикуваат исти симптоми.

Најчести болести кои предизвикуваат симптоми кои се преклопуваат со оние на синдромот на хроничен замор се:

  • обструктивна спиечка апнеа,
  • синдром на немирни нозе,
  • инсомнија
  • анемија
  • шеќерна болест
  • хипотироидизам
  • депресија
  • анксиозност

При дијагностицирањето докторот доколку го исклучи присаството на сите овие болести би можел да ја постави дијагнозата на хроничен замор, но многу често луѓето кои страдаат од овој проблем развиваат и проблеми со спиењето, депресија, анксиозност, фибромијалгија итн што оваа состојба ја прави доста комплицирана.

Во случајот со фибромијалгија некои научници дури сметаат дека станува збор за два различни аспекти од истата болест поради големиот преклоп на симптомите.

Затоа Американскиот Институт за медицина, создал водич со набројани симптоми и услови кои пациентот би требао да ги исполнува, и според кој полесно би можела да се постави оваа дијагноза.

Еден од главните критериуми за поставување на дијагнозата е симптомите да бидат толку лоши што пречат во извршувањето на активностите кои пред појавата на состојбата се извршувале нормално, и да траат најмалку шест месеци, а во тој период половина од времето да се со среден со силен интензитет.

Како што не се знае точната причина за оваа состојба, така за неа нема ни лек.  Третманот е насочен кон олеснување на симптомите, почнувајки од оние кои се најсилно изразени.

Така на пример кај оние луѓе кои развиле депресија како придружен симптом, третманот е насочен кон лекување на депресијата.  Најчесто се употребуваат ниски дози на антидепресанти за да го подобрат сонот и за да ја намалат болката.

Оние луѓе кај кои се случува да им се слошува или да се зашеметуваат кога стануваат или седнуваат исправено, односно кај кои се јавува ортостатска хипотензија, се даваат лекови за регулирање на крвниот притисок или срцев ритам.

Кај оние кои чувствуваат болка, најчесто се даваат аналгетици со или без рецепт, во зависност од силината на болката.

Редовната физичка активност може да помогне доколку со неа се почне постепено, и доколку не е премногу агресивна, зошто преинтензивниот режим на вежбање може да ја влоши оваа состојба.

Често разговорот односно советувањето од страна на специјалист советник за справување со хроничните болести може да бидe од помош.