Како до понизок хомоцистеин?

Хомоцистеинот е опасна неуротоксична и воспалителна супстанција, чие превисоко ниво во телото се поврзува со развојот на многу болести.

Токму затоа одржувањето на нормално ниво на хомоцистеин во крвта представува предуслов за добро здравје.

Најчесто употребувани додатоци во исхраната за нормализирање на покаченото ниво на хомоцистеин се следните:

Триметиглицин (бетаин) – е   аминокиселина која ја има во цвеклото и спанаќот.  Тој во телото е вклучен во метилацијата и синтезата на мелатонинот, коензимот Q10 и неуротрансмитерите како допамин и серотонин.  Со студии било докажано дека суплементирањето со доволна количина на бетаин го намалува нивото на хомоцистеин во телото.

Фолат – сите Б витамини се важни за одржување на нормално ниво на хомоцистеин, но недостатокот на фолат се поврзува со неговото покачено ниво во телото.

Добар извор на фолат се зелените лиснати растенија, аспарагусот, брокулата, јагодите, авокадото, телешкиот џигер и живината.  Но, поради термичката обработка на храната се смета дека многу луѓе само преку храната не успеаваат да се снабдат со доволната количина на фолат која би го нормализирала нивото на хомоцистеин.

Витамин Б 12 – овој витамин е неопходен кофактор кој е вклучен во претворањето на вишокот на хомоцистеин во метионин. Доколку го нема во доволна количина во телото значително може да се покачи хомоцистеинот.

Извор на Б12 пред се е храната од животинско потекло, особено телешкиот џигер.

Витамин Б 6  – суплементирањето со витамин Б 6 се покажало ефикасно во поглед на намалување н анивото на хомоцистеин, но најдобри резултати бие постигнати со заедничка употреб ана витамин Б6, Б12 и фолат.

Креатин – креатинот освен што ја зголемува мускулнат амаса и дава енергија, се покажал и како добае неуропротектор кој има способност и да го намали покаченото ниво на хомоцистеин.

Намалување на стресот – секојдневното употребување на различни практики за намалување на стресот се покажале многу корисни за одржување на нормално ниво на хомоцистеин, затоа што е докажано дека стресот има способност значително да го зголеми неговото ниво.

Усвојувањето на попозитивни животни навики, како здравата исхрана, одржувањето на нормална телесна тежина, престанок на пушењето и пиењето на алкохол, можат позитивно да се одрзат врз нивото на хомоцистеин и истовремено да допринесат за подобро физичко и ментално здравје.