Мозолчињата и акните се многу непријатна појава, безоглед на која возраст ќе се појават. Иако се почести кај тинејџерите, сепак никој не е поштеден од нивната појава.
Ваквите воспалителни појави на кожата настануваат најчесто како резултат на затнување на фоликулата на влакното со маснотија и со одумрени клетки, на што понатака може да се надоврзат и бактерии.
Во споредба со мозолчињата акните се многу посеризен проблем и тие иако воглавно се појавуваат на лицето, можат да се појават и на горниот дел од грбот, на рамениците, односно на оние места каде има најмногу жлезди кои лачат себум.
Освен прекумерното лачење на себум, проблемот со акните може да го влошат и хормоналните промени, употребата на некои лекови, како и изборот на храна.
За време на пубертетот како кај девојчињата така и кај момчињата, доаѓа до пораст во нивото на андрогените хормони. Овие хормони доведуваат до поголемо излачување на себум, нешто слично се случува и кај жените во периодот на менопауза.
Употребата на некои лекови како што се на пример кортикостероидите истотака се посочува како причина за поголема појава на акни. Слично нешто се случува и при употребата на тестостерон.
Појавата на акни и на мозолчиња многу фрустрира и лицата кои страдаат од нив за да го зачуваат своето емотивно здравје често се принудени да бараат ефикасни методи за нивно елиминирање.
Иако за третирање на ваквите и слични проблеми со кожата постојат различни козметички методи, сепак многу експерти се согласуваат дека убавината доаѓа од внатре и дека врз здравјето на кожата огромно влијание има исхраната.
Така на пример докажано е дека храната која е богата со јаглехидрати допринесува за влошување на проблемот со акните, а од друга страна исхраната која обилува со антиинфламаторни состојки, а особено со Омега- 3 масни киселини може да делува многу позитивно.
Најдобар извор на овие есенцијални масни киселини е мрсната морска риба, но не секој сака или смее да конзумира риба или рибино масло.
Во тој случај решение е маслото од чиа или лен.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се додаток во исхраната кои содржат 1.000 мг органско масло од чиа. Ова масло содржи 55% алфа-линоленска киселина, есенцијална омега 3 масна киселина од растително потекло.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се достапни во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во сите други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите можеш лесно и брзо да се нарачаат и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/chia-oil/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, и за рекордно кратко време ќе бидат доставени на посакуваната адреса со брза пошта!